Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Schneider Electric ги здружува силите со Terra Cloud за да обезбеди одржлива и еколошка иднина за центрите за податоци

08 february 2023

In Bulgarian

 

Компанијата Schneider Electric, глобален лидер во дигиталната трансформација, објави дека ги здружува своите сили со Terra Cloud, оператор на центри за податоци. Целта на партнерството е да се забрза одржливоста на центрите за податоци. Што раскажаа специјалистите од Шнајдер Електрик Бугарија - подружница на меѓународната компанија - за новата стратешка соработка, прочитајте во следните редови.

 

 

Водечкиот германски оператор на центри за податоци за колокација, Terra Cloud и Schneider Electric ќе соработуваат за да го забрзаат извршувањето на својата ангажираност за нула емисии врз основа на нова интегрирана стратегија. Terra Cloud, дел од групацијата Wortmann, управува со високо одржлив и резервиран центар за податоци од 5 мегавати во Хилхорст, северозападна Германија. Нејзините капацитети обезбедуваат широк опсег на услуги од клучно значење за облачни оператори и мали и средни претпријатија (МСП), вклучително колокација и хостинг, инфраструктура како услуга (IaaS) и софтвер како услуга (SaaS), складирање, дуплирање на системи со цел обновување (Disaster Recover) и архивирање.

 

„Како дел од својата нова стратегија за одржливост, компанијата планира да искористува ветерна и сончева енергија, преминувајќи од комбинација од 80% обновливи и 20% конвенционални ресурси кон напојување со 100% обновлива енергија. Работејќи со Schneider Electric, пилотно ќе ги тестира придобивките од енергетската ефикасност и одржливоста на технологијата за течно ладење со потопување на опремата во куќиштето на серверот“, објаснија од компанијата. За да ги оствари своите цели за одржливост, Terra Cloud ќе ја користи EcoStruxure на Schneider Electric за центри за податоци, како и за ИТ ормани, PDU, MV и LV, Galaxy VL литиум-јонски  UPS, слободно воздушно ладење, DCIM и BMS. „За да обезбеди највисоки нивоа на одржливост и ефикасност, Terra Cloud стана првиот снабдувач на колокација во Европа што го имплементира непрекинатото напојување (UPS) на Schneider Electric Galaxy VL  со литиум-јонски батерии. За оваа цел го користи својот патентиран режим eConversion, за да обезбеди 99% ефикасност без да дозволува компромис со квалитетот на напојувањето. Компанијата, исто така, ја обновува и рециклира технолошката опрема во своите центри за податоци за да гарантира дека серверите и инфраструктурните компоненти можат да се користат за повторени намени“, објаснија од Шнајдер Електрик Бугарија.

 

 

Schneider Electric, од своја страна, објави дека го проширува своето стратешко партнерство со Terra Cloud за да ги забрза и сопствените планови за одржливост.

 

Како резултат на стратешкото партнерство со Schneider Electric, компанијата имплементира еден од енергетски најефикасните центри за податоци за колокација во регионот и во текот на изминатите десет години уживаше во се поголемата побарувачка како од партнерите, така и од клиентите за своите облачни и хостинг услуги. „Сега, кога трошоците за енергија ширум регионот се во пораст, Terra Cloud гледа клучна можност да поттикнување на оперативната и енергетската ефикасност во својот центар за податоци, благодарение на што нејзините клиенти досега постигаат заштеда од 20-30% по преместувањето на нивната опрема за хостинг кај неа“, коментираа уште од компанијата.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1715, Бизнис Парк Софија, населба Младост 4, зграда 7Б, 4 кат
Телефон: 02/932 93 20

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Шнајдер Електрик Бугарија, Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »