In Albanian In Bulgarian In Serbian
„Значаен дел од нашата активност е поврзана со извршување на нарачки со специфични барања за пумпни решенија, како што се производите со примена за морска вода, бродоградба и офшор активности. Дури и кај нив, потрошувачите можат да сметаат на исклучително поволен просечен рок на испорака од околу три недели. Дополнително олеснување е мрежата на дистрибутивни канцеларии на Saer Elettropompe во повеќе од 100 земји во светот, со која постигнуваме висока експедитивност и квалификувана поддршка“, со овие зборови инж. Александар Георгиев, регионален комерцијален претставник на Saer Elletropompe за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар, коментира за една од најзначајните конкурентски предности на компанијата.
„Нашите производи се реално создадени како одговор на потребите на нашите клиенти“, категорични се од Saer, со што го нагласуваат јасниот фокус на компанијата на пазарната ориентација и потребите на потрошувачите. Овој принцип е во основата на нивните решенија, кои не само што функционираат ефикасно, туку и се обмислени во светлината на издржливоста и одржувањето без проблеми. Пумпните решенија се специјално проектирани за обезбедување на постојано висок квалитет на изведба во целиот опсег од нивни решенија - од површински до потопни пумпи и мотори со проток до 5000 m³/h и притисок до 60 бари. Изборот на материјали што се користат во пумпите, како што се SS 316, бронза, DUPLEX, јаглероден челик и леано железо, исто така е резултат на долгогодишното искуство на фирмата-производител од 1951 година, а производството организирано во Италија гарантира бескомпромисен квалитет.
„Секоја конкретна потреба се задоволува со прецизен избор како на компонентите на пумпите, така и на нивните мотори, кои се од различни класи на ефикасност (IE1, IE2, IE3), низок и среден напон. Понудената палета на електрични мотори - дизел и хидраулични - е специјално разработена за различни намени. Тестовите се задолжителни, особено за примена со морска вода. Фокусот останува на квалитетот, при што секоја година Saer Eletropompe инвестира 6% од својот промет во истражувачка активност и проучувања за наоѓање на нови и уште поефикасни решенија, при што специјализираниот оддел работи со најновата генерација на софтвер и системи за создавање на прототипови“, објаснува уште инж. Георгиев.
Еве неколку конкретни примени на различните серии пумпни решенија на Saer во областа на морската вода и офшор активностите:
-Генератори за чиста вода - IR, NCB-NCBK, MG и MK;
-Циркулација на морска вода – IR, NCB-NCBK, MG и MK;
-Котли – IR, NCB-NCBK, MG, MK и SKD;
-Машински простории – IR, NCB-NCBK, MG и MK;
-Противпожарни системи – MG, NCB-NCBK, MK, TM, S.
Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон: +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Електра Помп, Saer Elletropompe, canva.com