Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Новиот пренослив систем за лоцирање на кабелски дефекти M-Thump5 на Megger обединува 9 методи

13 november 2024

Albanian  Bulgarian  Serbian

 

Megger го најави пазарното деби на новиот пренослив систем M-Thump5 кој обединува во себе девет методи за тестирање на кабли за напојување во еден удобен и лесен за користење интерфејс. „M-Thump5 пронаоѓа и идентификува низа дефекти со помош на само еден систем. Лоцирањето на дефектите се врши лесно благодарение на автоматизирани алгоритми за тестирање, при што сето тоа е комбинирано со едноставен, стандардизиран кориснички интерфејс за употреба без проблеми“, соопштија  за BalkanEngineer.com од Megger.

 

Преносливиот систем за лоцирање на кабелски дефекти M-Thump5 е безбедно, ефикасно и исклучително лесно за користење решение за брза идентификација, претходна локализација и одредување на разни видови кабелски дефекти кај енергетски кабли со низок и среден напон до 6,6 kV. Овој уред е дел од нова генерација на усовршени системи за лоцирање на дефекти во подземни кабли кои бараат помалку обука во споредба со традиционалниот систем со извор на нискофреквентни импулси.

 

M-Thump5 вклучува девет методи за идентификување, претходно лоцирање и точно одредување на кабелски дефекти во еден уред со излез до 5 kV. Тие вклучуваат:

 

1. Детекција на дефекти на еднонасочна струја и контролни испитувања;

2. Мерење на отпор на изолација;

3. Конверзија на оштетувања со DC прегорување со струја до 500 mA;

4. Претходно лоцирање со кабелски радар/TDR вклучително споредба на фазите;

5. Мерење за стабилизација на лакот (ARM) со индуктивен ARM филтер, вклучително технологија Best Picture Multishot;

6. АРМ прегорување (Burn Arc Reflection), вклучително технологија Best Picture Multishot;

7. Мерење со методот на импулсна струја ICE;

8. Одредување на кратки споеви со висок отпор преку импулси до 1000 J при напон до 5 kV;

9. Определување на земен краток спој или дефекти на изолацијата со метод на скок на напон.

 

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger, ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »