In Bulgarian In Serbian
Во изминатата 2018 година, глобалниот лидер во производството на микроелектронски компоненти Melexis го стави својот технолошки отпечаток за време на специјализираниот саем electronica чии две изданија се одржаа во Тесендерло, Белгија, и Минхен, Германија. „Повеќе од 1.500 гости имаа можност да ги посетат штандовите на Melexis, преполни со информативни и интерактивни демонстрации на технологии, како и да се сретнат со дел од тимот на компанијата. Им благодариме на сите за инспиративните средби“, споделија со BalkanEngineer.com од Мелексис Бугарија ДООЕЛ.
За време на electronica Melexis презентира на своите демонстрациски површини иновативни решенија за автомобилската индустрија и учествуваше во иницијативата „Electronica Experience“, насочена кон брендирање на работодавците и регрутирање на млади таленти.
Melexis најави автомобилска кабина разработена врз основата на технологија за виртуелна реалност, каде што посетителите можеа интерактивно да најдат многу нови апликации на така наречените Time-of-Flight (ToF) сензори.
Светскиот лидер исто така ја демонстрираше технологијата Triaxis® преку 3D магнетна коцка и електронски копчиња, користејќи LED диоди за да го прикаже движењето на постојан магнет во 3D просторот.
Меѓу акцентите на учеството на Melexis беше разработената технологија FIR (far infra red) наменета за откривање на луѓе. MLX90640 е топлинска решетка од 32x24 пиксели која користи инфрацрвена (FIR) технологија за детекција на температура без физички контакт.
Не помал интерес предизвика техничкото решение за скенирање на скелетот на телото, што го демонстрира технолошкиот гигант. „Иновацијата на Melexis ги скенира луѓето во вид на 3D облак, при што софистициран софтвер овозможува пресоздавање на клучни карактеристики на телото како што се зглобовите“, прецизираа од бугарското друштво.
Melexis е исто така присутен на бугарскиот пазар. Во Бугарија е најголемата производствена база на компанијата. Ако технологиите на иднината се привлечна сила и за Вас, ако мислите дека иновациите, наменети за еден посигурен, побезбеден и поудобен свет, се Вашата вокација, проверете какви се можностите за професионална реализација што ги нуди Мелексис Бугарија.
- NOC Engineer;
- Operator Lead;
- Technical Lead;
- Associate Planner;
- DevOps System Administrator;
- Production Leader.
Адреса: Софија 1138, Горубљане, бул. „Самоковско шосе“ 2
Телефон: 00 359 2/917 48 60; 00 359 2/807 04 00
Е-mail: kro@melexis.com
Повеќе информации за Мелексис Бугарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Мелексис Бугарија ДООЕЛ, Melexis