Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Megger го најави пазарното деби на новите флексибилни мерни инструменти FCC3450 за мерења на АС струја до 3000 A

07 april 2024

In Albanian  In Bulgarian   In Serbian

 

Новиот уред за мерење FCC3450 3000 A на Megger претставува флексибилни инструменти за мерење на струја со Bluetooth® поврзување наменети за мерење на AC/DC напон, фреквенција, континуитет и отпор на колото, како и на АС струја до 3000 A. Уредите FCC3450 на Megger со Bluetooth се базираат на принципот на мерење на намотки  на Rogowski и можат да регистрираат реално rms напон до 1000 V AC/DC. Тие се нудат со вграден дисплеј со резолуција од 10.000 единични импулси. Дополнително, FCC3450 мери и отпор, континуитет, фреквенција и нуди можност за брза проверка. Уредите имаат категорија на безбедност CAT IV 600 V и CAT III 1000 V AC/DC.

 

 

Користејќи Bluetooth конекција, FCC3450 може да се поврзе со бесплатната апликација Megger Link™, која овозможува далечинско известување на покажаните резултати во реално време или да се снимаат мерењата директно на паметен уред за складирање или создавање на извештаи. Апликацијата е компатибилна со iOS и Android и овозможува известување на податоци за регистрирање на трендови и создавање на графикони што може да се споделат со целиот тим или за извршување на побрза дијагностика и пронаоѓање на грешки.

 

Благодарение на должината и флексибилноста на намотките, мерењата може да се направат врз големи спроводници или на оние кои се недостапни за мерење со мерни инструменти со цврста глава. Намотките на Rogowski нудат флексибилност бидејќи не се потпираат на цврст железен дел, што ги прави лесни за опфаќање на поголеми спроводници. Тие се исто така погодни за мерење во тесни затворени простори. Оваа флексибилност е клучна предност на FCC3450.

 

 

Технички специфики на FCC3450:

- Мерење на АС струја до 3000 А. Инструментот за мерење на наизменична струја го користи принципот на Rogowski, кој му овозможува на FCC3450 да мери струи до 3000 А;

- Можност за мерење на AC/DC напон до 1000 V. Целосно автоматско мерење на АС струја, AC/DC напон, отпор и фреквенција;

- Безбедно регистрирање на податоци на паметни уреди во режим во реално време преку Bluetooth;

- Инструментот FCC3450 е компатибилен со бесплатната апликација Megger Link. Ова овозможува собирање податоци за трендови и графикони;

- Категорија CAT IV 600 V/CAT III за номинален напон до 1000 V. Уредот е проектиран да издржи транзитни процеси од 8,1 kV според стандардот за безбедност  IEC-61010;

- Усогласеност со IEC EN 61326-1;

- Максимална големина на спроводникот: 150 mm;

- Мерење на континуитет и фреквенција;

- Задржување податоците  во сите дијапазони;

- LED индикатор за исцрпена батерија;

- Уредот се испорачува со заштитна футрола за носење.

 

Адреса: Бугарија, Софија, бул. „Ситнаково“ 35

Телефон: +359 943 4803; +359 2 846 8294; +359 887 783 514

Е-mail:  alexander.georgiev@megger.commegger.bg@megger.cominfo.bg@megger

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Мегер Бугарија, Megger

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 13 december 2024Решенијата за автоматизација на згради на AББ обезбедуваат енергетско ефикасна иднина за петвековна зграда во Шкотска

    Позната некогаш како дом на монаси и кралски дворјани, како и на должници во бегство од властите, опатија Странд (Abbey Strand) во Единбург, Шкотска, чува сакрално историско и архитектонско наследство. Денес таа е веќе модернизирана со целосен проект за модернизација кој вклучува најсовремени системи за автоматизација на згради и енергетски менаџмент на АББ. До денес, историската зграда е трансформирана во комплекс со девет луксузни апартмани со првокласна послужување, што е модел за одржлива реконструкција и подобрена енергетска ефикасност на зградите.

  • 12 december 2024FANUC и голем производител на синџири ги обединуваат своите сили за постигнување на целосна контрола на квалитетот на производит

    Пред имплементацијата на систем кој ја автоматизира инспекцијата на квалитетот, контролата и ракувањето со кованиците во производството на компанијата за синџири Pewag се извршуваше од луѓе. Ова често доведуваше до несакани отстапувања во квалитетот. Во својот стремеж да остане конкурентна на пазарот, компанијата се сврти кон Pewag Engineering, која е дел од бизнис групацијата и е специјализирана за проектирање на решенија за автоматизација, за да најде решение за овој проблем.

  • 11 december 2024Лазатек: Испорачувач за автомобилската индустрија ја зголемува својата продуктивност со филтерски модули Filtermist

    Еден од најголемите предизвици со кои се соочува секое металопреработувачко производство е квалитетот на воздухот во просториите и влијанието на маглата од течноста за ладење врз здравјето на персоналот. „За да се спречи маслената магла да влијае на квалитетот на воздухот на работното место, Tooling 2000 Limited инсталираше во нивните машински центри системи на Filtermist за отстранување на маглата. Покрај тоа што чистотата на воздухот ги исполнува барањата на Регулативите за контрола на супстанции опасни за здравјето (COSHH), производствената компанија од Бирмингем користела и други важни предности“, раскажаа за овој случај од праксата специјалистите од добро етаблираната компанија Лазатек која ги нуди производите на Filtermist.

  • 11 december 2024Оптимизирајте го наоѓањето на електрични дефекти и тестирањето на кола со мултиметарот AVO®215 на Megger

    Сигурното и прецизно тестирање на електрични кола е основна активност во забрзаниот секојдневен живот на електричарите. Инструментите за тестирање, како што се мултиметри и амперметри, се неопходни за прецизно мерење на напонот, струјата и отпорот, гарантирајќи ја безбедноста и функционалноста на електричните системи. Megger постојано ја проширува својата палета на повеќефункционални тестери како за професионални, така и за индустриски примени за да го понуди вистинскиот инструмент за секоја применета задача.

  • 10 december 2024SpaceCAD: Shining 3D го пушти на пазарот безжичниот скенер EinScan Libre кој го револуционизира 3D скенирањето

    „На почетокот на ноември оваа година компанијата Shining 3D го објави пазарното деби на својот револуционерен 3D скенер EinScan Libre. Тој припаѓа на 4-та генерација на технологија за 3D скенирање во професионалната линија на производи EinScan. Скенерот е целосно безжичен, што значи дека може да се користи без физички врски – кабли и лаптоп/компјутер. EinScan Libre располага со акумулаторска батерија која обезбедува континуирана моќност. Скенерот може да се напојува и од надворешна батерија кога неговата ќе биде извадена, на пример додека се полни“, соопштија за BalkanEngineer.com од SpaceCAD, водечка трговска компанија во сферата на специјализираните софтверски производи и 3D технологиите.

  • 09 december 2024ЛогиСофт: Со усовршена варијанта на технологијата ZPA, ја зголемуваме ефикасноста во нашите проекти

    Во областа на интралогистиката, од суштинско значење е ефикасноста и безбедноста при движењето на производи и стоки. Една од клучните технологии кои придонесуваат за оптимизацијата на внатрешни логистички процеси е т.н натрупување при нулти притисок (Zero Pressure Accumulation, ZPA). Овој систем овозможува привремено складирање на стока на транспортни линии без примена на дополнителен притисок или сила за движење, со што се спречуваат судири, а со тоа и оштетување на производите што учествуваат во процесот. „ ZPA не е нов концепт.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »