Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервис со коментар за различните методи за откривање на истекувања и предностите на сателитската снимка во такви задачи

19 april 2023

In Albanian  In Bulgarian

 

Откривањето на истекувања има толку различни варијанти колку што има и течности што можат да истекуваат од различни мрежи и објекти во индустријата или станбената градба. Истекувања може да има од водоводни и канализациони цевководи, брани и насипи, базени, гасоводи, нафтоводи, подземни резервоари за бензин и пропан итн. Ваквите дефекти, се разбира, можат да предизвикаат фатални последици и да се претворат во вистинска катастрофа, па затоа постојат и голем број технологии кои помагаат за навремено откривање на истекувањето. Повеќе за нив BalkanEngineer.com коментира со бугарската компанија KMT Сервис, докажана во областа на контролна, мерна и испитувачка опрема за комуникациска инфраструктура.

 

 

„Протекувањето во мрежата за пренос на гас, на пример, може да доведе до пожари, експлозии или повреди и задушување. Голем број на сензори достапни на пазарот за откривање на истекувања може добро да послужат за оваа намена. Исто така е решение и хиперспектралното снимање со сателит за проверка на големи површини. Дали знаевте дека за проверка на мали простори биле користени кучиња вклучително и за протекувања од водоводни цевки“, објаснија од KMT Сервис и додадоа: „Кога зборуваме за водоводи, технологиите за откривање на истекување исто така се разликуваат. Акустичните уреди се користат за „слушање за протекување“ под земја. Копнениот радар може да лоцира протекување на одредени мали области. Визуелната проверка понекогаш може да регистрира површински аномалии кои исто така сигнализираат за подземни истекувања. Универзитетот во Стенфорд експериментира со сензори за притисок“.

 

Откривање на подземни истекувања на вода од закопани цевководи, земјени брани и насипи

 

„Традиционалната“ опрема за откривање истекувања што се користи за испитувања на подземни цевки претрпе значителен развој во текот на изминатите 80 години. Акустичната технологија е меѓу најкористените. Таа вклучува техничари кои буквално одат по земјата, водени од мапа, „слушајќи за протекувања“ преку слушалки, над целиот подземен систем, кој може да биде долг стотици километри. Радарот што продира во земјата (GPR), поретко се користи, но смета на електромагнетни бранови за откривање на подземни аномалии во одредени ограничени зони“, објаснија од компанијата.

 

Браните и насипите претставуваат поинаков предизвик. Протекувањата во нив може да започнат бавно како едноставно протекување, но оваа состојба може да доведе до сериозно зголемен проток и ерозија. Методите за откривање на протекувања во брани и насипи, исто така, може да вклучуваат радар што продира во земјата, како и ласерски скенери и сеизмички сензори.

 

 

Предности и недостатоци на традиционалните методи за откривање на истекувања

 

„Методите за откривање на истекувања посочени досега имаат значителни ограничувања. Повеќето се практично применливи само на мали површини и нудат моментална слика. Освен тоа, во повеќето случаи тие бараат некој вид сензор. „Слушањето за протекувања“, на пример, користи сензор за откривање на бучава на водата што се движи. Но, примената на акустични сензори над експанзивните системи е неефикасна затоа што може да поминат години за да се покрие некоја мрежа, а резултатите ќе бидат застарени пред да се заврши еднократно поминување. Како дополнување, работните часови се скапи, како и инвестицијата во опрема. И ако цевките не се направени од метал, звукот ќе биде ограничен и сензорите нема да бидат толку ефективни. Другиот пристап - сензори за притисок, исто така не е секогаш практичен. И повторно тие ја оценуваат само областа каде што се инсталирани“, коментираа од KMT Сервис.

 

Сателитско откривање на истекувања

 

„Сателитското откривање на истекувања е најновото дополнување на овие технологии, претворувајќи се во пробив што и требаше на индустријата“, категорични се специјалистите. „Сателитските услуги за откривање на истекувања користат радар со синтетички отвор (SAR) во L-опсегот на електромагнетниот спектар. Многу од ограничувањата на традиционалните методи се надминуваат со сателитското откривање на истекувања, бидејќи наместо да ги проверува цевките за протекување, сателитот ја лоцира и анализира влагата во почвата и ја поврзува со цевководните системи.

Брановата должина на L-опсегот продира во земјата, дури и преку тротоар, до приближно 3 метри, при што работи во сите временски услови и во секое време од деноноќието. Сателитот е способен да истражува огромни области одеднаш, а може да ја проучува иста територија неколку пати. Материјалот на цевката не е важен и не се потребни копнени тимови. Освен тоа, не се потребни капитални инвестиции во сензори. Сателитот може да открие протекувања во зони кои се недостапни или непознати за копнените тимови.

 

„За прв пат сателитска снимка започна да се користи за откривање на протекувања во подземна инфраструктура во 2016 година, при што креатор и развивач на технологијата е компанијата Utilis, основана во 2013 година, денес позната како ASTERRA. Компанијата е наш партнер, што ја прави технологијата достапна и за балканскиот пазар“, додадоа од KMT Сервис.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: +359 88 878 1788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: ASTERRA, КМТ Сервис

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »