Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервис: НАСА врши мониторинг на протокот на вода во теренската лабораторија Санта Сузана со помош на иновативен детектор

12 june 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Активноста на НАСА отсекогаш предизвикувала интерес, а ако вселената ја предизвикува човечката имагинација со својот мистицизам, тогаш американската владина агенција исто така остварува многу прагматични активности на Земјата во корист на општеството. Така на пример, откако сите работи за истражување и тестирање во теренската лабораторија во Санта Сузана (SSFL) беа делокализирани, таму беше извршено чистење на животната средина за да се отстранат хемикалии останати од минатите операции, а во процесот е вклучен детектор за прелевање на Ijinus, во кој е интегрирана сопствената патентирана технологија на компанијата CapAir®. Повеќе за тоа како уредот учествува во еколошките мерки кои ги презема НАСА, раскажаа од докажаната трговска и инженеринг компанија КМТ Сервис, трговски партнер на производителот Ijinus кај нас.

 

 

„Една од активностите на НАСА вклучува снимање на присуство на вода во неколку од рововите околу површината  од 300 акри за да се знае кога има или нема проток на вода во различни периоди. За оваа цел е потребен сензор за мерење на проток кој е погоден за надворешни услови и не треба да реагира на дожд или роса освен ако навистина тече вода во ровот. Освен тоа, степенот на отпорност на куќиштето мора да биде IP68, а уредот да поддржува безжична комуникација“, објаснија од КМТ Сервис.

 

Уредот се користи за:

-Мониторинг на дождовни води;

-Работење на комбинирани канали за преливање;

-Системи за предупредување од поплави;

-Следење на нивото на резервоари;

-Следење на нивото на секаков вид неагресивни течности.

 

 

„Во детекторите од палетата CSCV3 е интегрирана технологијата CapAir®, патент на Ijinus. Таа ја поедноставува инсталацијата и значително го намалува одржувањето во споредба со традиционалните технологии. CapAir® е капацитивно мерење со воздушна референца и обезбедува многу голема сигурност доколку се открие прелевање на вода, дури и во најтешки услови. Капацитивното мерење е температурно компензирано“, објаснија од КМТ Сервис.

 

Детекторите за прелевање од палетата CSCV3 може да бидат поврзани со:

-PLC, што овозможува стартување или запирање на пумпите за црпење;

-Автоматски уред за земање на мостри на вода што овозможува контрола на земање на мостри од отпадна вода.

-Мерач на проток;

-Сензори за ниво LNU06V4;

-Логер со Modbus од палетата LOG03V4, LOG04V4.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: +359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Ijinus, SSFL, КМТ Сервис

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »