Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервиз: Платформата Geolantis.360 овозможува собирање и обработка на податоци за земјоделски проект во Замбија

17 july 2024

In Bulgarian In Albanian

 

Клучот за секој успешен проект се сеопфатните и квалитетни податоци – а тоа е особено важно кога инфраструктурните и индустриските потфати се придружени со висока додадена вредност за локалните заедници. Имено таков е случајот со развојот на голем земјоделски проект во Замбија, зад кој стои австралиската компанија Affiance Group Corp. Целта е добивање на стевија од локални производители, но исто така и социјален развој на реонот. Потребните податоци за проектот се собираат со помош на платформата Geolantis.360, а повеќе за оваа тема раскажаа за BalkanEngineer.com од фирмата КМТ Сервиз.

 

 

„Во оддалеченото населено место Мпанде, во северозападна Замбија, Affiance Group Corp. разработува земјоделски проект за одгледување на стевија наречен Northern Outgrower Project, кој опфаќа 10.000 хектари земјоделска површина. Тој вклучува стопански блок со површина од 8.000 хектари, како и производство на 2.000 приватни производители. На овој начин, локалните земјоделци ќе ги индустријализираат своите активности, а освен тоа ќе се обезбедат многу потребните образовни, медицински и комуникациски капацитети во реонот. Проектот се разработува во тесно партнерство со локалната самоуправа, а нивото на ангажираност ги покрива потребите и желбите на сите заинтересирани страни“, објаснија од КМТ Сервиз.

 

„Предизвиците за собирање на податоците брзо стануваат јасни. Во текот на работата се појавуваат прашања, како на пример: како да се сними местоположбата кога нема стандардна адреса; како да се управуваат податоците од над 1.000 домаќинства; како да се создаде стабилен процес на собирање на податоци со повеќе од 100 прашања што е стандардизиран, повторлив и брз за извршување; како сето ова да се снима дигитално, без пристап до интернет, во тешка средина, притоа координирајќи локален тим на терен“, раскажаа од бугарската компанија.

 

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: 00359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: КМТ Сервиз, Geolantis, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »