Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервиз: IR прозорци за инспекција на Iriss обезбедуваат превенција на дефектите по инцидент во автомобилска компанија

18 may 2024

In Bulgarian  In Albanian  In Serbian

 

Електричен лак, наречен уште и напонски лак, во производствени услови? Оваа физичка појава може да биде не само катастрофална за опремата, туку и исклучиво опасна. Затоа во денешниот материјал раскажуваме имено за сличен случај во претпријатие од автомобилската индустрија и како долгорочно е решен проблемот со помош на опрема на Iriss. А за детали коментиравме со КМТ Сервиз- докажана компанија со богато портфолио на апаратура за испитување, тестирање и мониторинг на инфраструктурни делници, која ги нуди производите на Iriss на локалниот пазар.

 


 

„Во фабриката на производител на автомобили во Велика Британија .се случил инцидент со електричен лак од трансформатор. Тоа доведува до поместување на вратата на електричен панел поради значителниот притисок генериран од појавата. За среќа, нема повредени, но ова е аларм кој јасно ја истакнува потребата од сеопфатна стратегија за превентивно одржување и зголемување на безбедноста“, раскажаа за BalkanEngineer.com од KMT Сервиз. Заедно со безбедноста на процесите и работната средина, времето на застој е исто така фактор што ја поттикнува потребата за превенција на дефектите. Растечките барања за производството поради зголемените глобални продажби го претвораат сопирањето на работата во скап луксуз за големите „играчи“ во автомобилскиот сектор.

 

По процената на најсоодветните достапни технологии, беше одлучено да се користи пристап во две фази со помош на мониторинг на делумно празнење (ултразвук) и инфрацрвена термичка слика на Iriss. „Поради големината и сложеноста на објектот, како најранливи компоненти се определени трафостаниците 11 kV околу објектот. И откако ќе се испитаат можните решенија, избрани се IR прозорци и PD (ултразвучни) порти“, прецизираат од бугарската компанија.

 

Избраната опрема обезбедува:

-Сигурност погодна за режим на работа 24/7 во специфично производствено опкружување;

-Техничка супериорност во однос на другите достапни решенија;

-Гаранција за целиот работен век на инфрацрвените прозорци од зајакнат полимер на Iriss, што значи ниски трошоци за тековно одржување;

-Водечки во класата поврат на инвестицијата;

-Зголемена безбедност на процесот на проверка.

 

 

„Инсталирањето на опремата беше извршено за време на сопирање на производствениот процес за време на божиќните празници, што дополнително ја покажува ангажираноста на Iriss за исклучителна грижа за клиентите“, објаснија од KMT Сервиз.

 

„Првото правило на бизнисот не е максимизирање на добивката, туку спречување на загубите. Во оваа смисла, новото решение му овозможува на производителот на автомобили да постигне безбедно и ефикасно извршување на рутински проверки на критичната електрична инфраструктура“, додадоа уште од водечката компанија.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: 00359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: КМТ Сервиз, Iriss

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »