Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервис: Ажурирани уреди за тестирање SECUTEST ST од Gossen Metrawatt во согласност со DIN EN 50678

12 may 2022

In Bulgarian

 

Gossen Metrawatt, еден од водечките светски добавувачи на мерни инструменти, разработува и дистрибуира широк спектар на висококвалитетни уреди за мерење и тестирање на електрична опрема во различни индустриски бранши. Со децении, брендот Gossen Metrawatt е синоним за квалитет и безбедност. Портфолиото на компанијата вклучува технологии за мерење и тестирање за да се обезбеди електрична безбедност на различни инсталации, уреди и машини, како и на електронски и медицински уреди.

 

 

„Последната генерација на SECUTEST ST уреди за тестирање на компанијата Gossen Metrawatt се претходно наштелувани според барањата на стандардите DIN EN 50678 и DIN EN 50699, кои стапија на сила неодамна. Стандардите ги утврдуваат правилата за проверка на електричната опрема за електрична безбедност по поправки и за време на периодични тестови“, информираа од докажаната  трговска и инженеринг компанија KMT Service, која нуди опрема за тестирање Gossen Metrawatt.

 

 

Ажурирани секвенци на тестови

 

Новата генерација на серијата уреди за тестирање SECUTEST Gossen Metrawatt е оптимизирана за тестирање на ефективноста на заштитата на пренослива електрична, медицинска и опрема за заварување. Компактните уреди за тестирање го мерат отпорот на заштитни проводници со тест струи од 200 mA и 10 A, отпори на изолација, различни струи на истекување, како и безбедни ултра-ниски напони (SELV) и заштитни ултра-ниски напони (PELV). Дополнително, нивното поле на примена опфаќа мерење на времето на активација на RCCB заштити од типот PRCD, SPE-PRCD, PRCD-S и PRCD-K, функционални тестови со определување на U, I, P, S, LF, f, како и тестови на проводници за континуитет, краток спој и поларитет. Уредите имаат и влез за температурен сензор Pt100 / Pt1000, како и USB влез за брз извоз на податоци, далечинско управување или поврзување со печатач за извештај или за баркод. Обезбедени се два дополнителни USB влезови за поврзување на уреди за воведување на податоци како што се скенери за баркодови.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: 00359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: KMT Сервис, Gossen Metrawatt

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »