In Albanian In Bulgarian In Serbian
Откако човештвото гради брани, постои и закана од нивно оштетување. Според меѓународното право, браните се сметаат за „инсталации што содржат опасни сили“ и се еден од најразорните форми на оштетување на инфраструктурата. Несреќите може да се случат од различни причини и да предизвикаат различни последици во зависност од тоа како се реагира во критичниот момент. Но, она што е поважно во овој случај е што може да се направи за да се избегне ваква катастрофална ситуација. Повеќе на оваа тема за BalkanEngineer.com објаснија од компанија KMT Сервиз, специјализирана за дистрибуција на опрема за испитување на инфраструктурни системи. Таа соработува со израелскиот развивач на сателитски технологии Asterra, чие портфолио вклучува решенија за мониторинг на брани преку кои може да се следат состојбите на овие големи објекти во реално време за да се минимизира ризикот од несреќи.
Несреќите на браните се стари колку и самите брани
„Браните може да се оштетат од различни причини: како последица од ерозија; кога дренажата не е добра и статичките сили предизвикуваат губење на јачината на материјалите; при силни бури или лошо одржување. Трагедијата што може да ја предизвика рушењето на браната е неспорна и немерлива, но за да се апстрахираме од неа, да го разгледаме финансискиот ефект од таквата несреќа“, објаснија од „KMT Сервиз“ и продолжија: „Во САД развија методологија за пресметување на цената за оштетувања на ѕидовите на браната, кои земаат предвид три главни влијанија. Едно од најдиректните е губењето на користа од браната, вклучувајќи го и губењето на моќност за производство на електрична енергија и губењето на пристапот до вода за земјоделството и индустријата. Засегнат е и туризмот. Материјалната штета надолу по синџирот исто така има директно влијание“.
Превентивни мерки и реакција во случај на несреќа на брана
„Тековниот мониторинг на браната е суштински аспект за нејзината безбедност, но многу од технологиите се со ограничен опсег, ефективност или и двете. Традиционалниот радар што продира ва земја, на пример, е применлив, но помалку ефикасен за динамички структури како што се депониите на јаловина. Ласерски скенери се користени за откривање на движења во браната, но инвестициите во хардвер се многу високи и технологијата најдобро функционира само во специфични ситуации. Дронови и копнени сензори беа користени за следење на браната Брумадињо, но една недела пред да се скрши нејзиниот ѕид, не пронајдоа ништо. Сеизмичките сензори исто така имаат свои ограничувања, како и сателитските радари како што е InSAR“, објаснија од KMT Сервиз.
Што е EarthWorks?
Asterra EarthWorks е првата технологија базирана на сателит за спречување на оштетувања, способна да ја набљудува влажноста на подземната почва на огромни површини, вклучувајќи големи брани, брзо, лесно и континуирано.
„EarthWorks користи радар со синтетичка апертура (SAR) од сателити во орбита. Користејќи го L-опсегот на електромагнетниот спектар, тој продира во земјата до околу 3 метри, „гледајќи“ ја влагата во почвата што може да укаже на протекување од браната. EarthWorks има можност да следи една иста зона неколку пати месечно за да ги забележи сите промени во условите на влагата за да може да се преземаат превентивни активности“, додадоа уште од компанијата во врска со решението на својот партнер.
Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89
Телефон: 00359 888 781 788
Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Asterra, canva.com, KMT Сервиз