Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

KMT Сервиз: Неинвазивните ултразвучни мерачи на проток Flexim се флексибилно решение при тешки работни услови

16 february 2024

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Полиамид 12 е високо ефикасна пластика со примена во повеќе индустрии, од преработка на нафта и гас до автомобилската индустрија, медицинските технологии и 3D печатењето. Нејзиното производство вклучува неколку чекори, почнувајќи од јаглеводородното соединение бутадиен и завршувајќи со мономерот лауролактам, а кога поединечните елементи се поврзуваат, се формира синџирот на полиамид 12. За време на овие процеси се развиваат температури до околу 280 °C, што е сериозен предизвик за мерните инструменти што се користат. Но, производителите наоѓаат сигурно и долгорочно решение со неинвазивните ултразвучни мерачи на проток на Flexim. Повеќе за нив и нивната конкретна примена коментираат специјалистите од KMT Сервиз, официјален партнер на Flexim за балканските пазари.

 

 

„Неинвазивните мерачи на проток се монтираат  со држачи на соодветниот цевковод и работат со емитување на ултразвучни бранови кои минуваат низ течноста внатре во цевката. Тие го мерат времето потребно за овие бранови да поминат нагоре и надолу по текот, а разликата се користи за пресметување на брзината на протокот. Оваа неинвазивна технологија нуди повеќе предности, особено кога се работи со предизвикувачки средини и услови на процесот како што се оние во производството на полиамид 12“, објаснија од KMT Сервиз.

 

Во фабрика на водечки светски производител на полиамид 12, производниот проток на основниот полимер е поделен на два секундарни протока, при што првично за следење на протокот во нив се монтирани мерачи на проток Кориолис. Сепак, поради условите на процесот, беше констатирано дека овој тип на технологија за мерење на контактот има сериозни недостатоци. „Температурата на топење на полимерот е околу 180 °C, така што протокот на производот мора постојано да се загрева. Ова се покажа како конструктивен предизвик за интеграција на мерачите на проток на Кориолис во изолацијата. Минималната потребна брзина на протокот за мерење на вибрациите бара стеснување на пресекот на цевката од DN50 на DN25, при што на овој начин се предизвикуваат значителни загуби на притисок. Освен тоа, во зависност од условите за работа, полимерот понекогаш може да се стврдне и да предизвика непоправливи штети на мерачот на проток“,изјавија од бугарската компанија.

 

 

Токму во оваа примена, ултразвучните мерачи на проток на Flexim се покажуваат како исклучително флексибилно решение. Тие се карактеризираат со лесна инсталација, не бараат никакви промени на постојните цевководи и не бараат запирање на технолошките процеси. Поради екстремните температури од околу 280 °C, ултразвучните мерачи на проток Flexim се монтирани на патентирана опрема на компанијата. Овој уред отпорен на високи температури е проектиран да ги издвојува термичките мерачи од топлата цевка при што истовремено обезбедува оптимален акустичен контакт.

 

Адреса: Бугарија, Софија 1303, ул. „Средна Гора“ 89

Телефон: 00359 888 781 788

Е-mail: kmt.servicebg@gmail.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: КМТ Сервиз, Flexim

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 03 october 2024КМТ Сервиз го претставува TechWorm од Zikmund electronics – ергономски коморен систем за испитување на цевководи

    КМТ Сервиз - докажана компанија која обезбедува опрема за истражување и инспекција на инфраструктурни мрежи, во своето портфолио ги вклучи системите на чешкиот производител Zikmund electronics, наменети за инспекција на водоводи, канали, топлински водови, сондирања и други тешко достапни инсталации и опрема.. Дел од решенијата на брендот е коморниот систем TechWorm, разработен за цевководи од DN50 до DN400 - првенствено за водоводни и канализациони мрежи, но погоден и за други примени, како што се цевки за греење и системи за вентилација. Поединости за TechWorm и неговиот производител Zikmund electronics му беа претставени на BalkanEngineer.com од КМТ Сервиз.

  • 01 october 2024Комуникатор од вид CF800X на Унисист Инженеринг опслужува сигурно како домашни, така и индустриски мерачи на потрошувачка

    Како докажан лидер во разработката на производи за управување, контрола и мониторинг во сферата на дистрибуцијата на гас, докажаната компанија Унисист Инженеринг нуди широк спектар на специјализирани уреди за собирање, обработка и пренос на податоци. Во зависност од мерното средство и потребите на гасната компанија, компанијата обезбедува различни конфигурации и решенија, од кои едно е комуникатор од вид CF800X. „CF800 е уред за собирање податоци од уреди за корекција за волумен на гас кои го пресметуваат волуменот на гасот врз основа на утврдените параметри на температурата, притисокот и способноста за компримирање.

  • 30 september 2024АББ Бугарија повторно ќе покаже целосно автоматизирани решенија за роботизација на производството на MachTech & InnoTech 2024

    Големиот меѓународен саем за машини и технологии во обработката на метали MachTech&InnoTech 2024, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври во Интер Експо Центар (ИЕЦ) - Софија, повторно ќе се претвори во „сцена“ на која стотици компании од Бугарија и странство ќе ја имаат можноста да ги претстават своите брендови. Традиционално, тематското насочување на форумот ќе вклучува: широк спектар на машини, решенија за автоматизација и роботизација, индустриски мрежи и софтвер, 3D печатење, контрола и тестирање на квалитетот, проектирање и развојна активност.

  • 30 september 2024Електричните и хидраулични решенија за индустриска автоматизација ќе прикажи БР Техника на MachTech & InnoTech 2024

    Етаблираната инженеринг и трговска компанија Биро за Развој Техника (БР Техника) повторно ќе пречека сегашни и идни клиенти на својот штанд Б3 во хала 1 на Интер Експо Центар. Во рамките на најголемиот саем за машини, технологии и иновации MachTech & InnoTech 2024, кој ќе се одржи од 1 до 4 октомври оваа година, компанијата повторно ќе демонстрира индустриски машини, линеарни и електрични погони, индустриска и мобилна хидраулика, пневматски компоненти, серво погони и серво мотори, контролери и системи за автоматизација.

  • 29 september 2024Специфики на магацинските системи во автомобилската индустрија - решенија на STAMH за Inter Cars и WINT

    Магацините и дистрибутивните центри на автомобилската индустрија се користат за складирање и логистика на резервни делови, потрошен материјал и додатоци за тунинг. Овие дистрибутивни центри се карактеризираат со некои клучни специфики, а имено: голема разновидност на производи (како што се големина, облик, тежина и тип), специфична класификација и потреба од ефикасна организација на асортиманот. Специјалистите од етаблираната меѓународна компанија за магацинска автоматизација STAMH ги коментираа клучните особености на магацинската опрема во автомобилската индустрија и дистрибуцијата на резервни делови.

  • 29 september 2024На саемот FAKUMA 2024 FANUC ќе ги прикаже своите најнови достигнувања при машините за вбризгување од палетата ROBOSHOT

    Во 2024 година, FANUC ја слави 40-годишнината од својата високопродуктивна целосно електрична машина за вбризгување ROBOSHOT. Долгогодишното искуство на компанијата, континуираните иновации во областа на леењето под притисок, како и новитетите во палетата ROBOSHOT ќе бидат демонстрирани за време на саемот FAKUMA 2024 во Фридрихсхафен, кој ќе се одржи од 15 до 19 октомври оваа година. во Германија. На својот штанд B3-3211, FANUC ќе ги претстави решенија во областа на технологијата за леење под притисок и автоматизацијата одделувајќи специјално внимание на одржливоста, енергетската ефикасност, компактниот дизајн, сигурноста и конкурентната вкупна цена на купување (TCO).

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 03 october 2024Турска компанија започнува со изградба на пречистителна станица за отпадни води во српскиот град Ниш

    Турската инженеринг и градежна компанија Arbiogaz ја започнува изградбата на пречистителна станица за отпадни води во вредност од 53 милиони евра во третиот по големина српски град Ниш, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Пречистителната станица е дел од поголем проект за пречистување на отпадни води во градот, кој ја опфаќа и изградбата на нови 60 километри канализациони колектори со вкупна вредност од 32 милиони евра. Канализационата мрежа ќе биде изградена од српската градежна компанија Јединство.

  • 01 october 2024Албанската компанија 5GX Energy наскоро ќе го заврши својот соларен парк од 10 мегавати во Лушња

    Албанскиот производител на соларни паркови Vega Energy соопшти дека фотонапонската централа со моќност од 10 MW што ја гради во град Лушња по нарачка на локалниот производител на електрична енергија 5GX е блиско до завршување. Информацијата BalkanEngineer.com ја дозна од SeeNews.com. Од Vega Energy изјавија дека завршениот проект ќе му биде предаден на сопственикот во најкраток можен рок, иако точниот датум се уште не е објавен. Компанијата Vega Energy ја започна изградбата на фотонапонската централа во јуни годинава.

  • 28 september 2024Заеднички центар на кинеско-европскиот високобрзински железнички систем започна со работа во Србија

    Во српскиот град Инџија започна со работа заеднички центар на кинеско-европскиот високобрзински железнички систем под името Ѕhаng-dоng, дозна BalkanEngineer.com од Ekapija.com. Ова дополнително ќе ја поддржи соработката меѓу Кина и Србија и ќе ја зајакне стабилноста на меѓународните мрежи на испораки. Причината за изградбата на центарот Ѕhаng-dоng е доаѓањето на првиот кинески воз со суровини за производството на гуми во претпријатие на компанијата Lіnglоng. Ова станува возможно благодарение на изградените брзи железници во Србија, обезбедувајќи нови можности за подобар и брз развој на товарниот и патничкиот железнички транспорт во земјата.

  • 26 september 2024Dacia инвестира 17 милиони евра во автоматизација на својата фабриката за SUV автомобили во Романија

    За да го подобри квалитетот на своето производство, романскиот производител Dacia планира инвестиција од 17 милиони евра за целосна автоматизација на фабриката за бојадисување на автомобили, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Компанијата бара државна помош во износ од 7,5 милиони евра за поддршка на својот проект. Очекуваното влегување во производство кон крајот на 2024 година на новиот SUV модел на Dacia – Bigster, врши притисок врз стандардите за квалитет и ја принудува компанијата да инвестира во автоматизација на својата фабрика. Проектот ќе вклучува промена во применетата технологија како и во општиот процес на бојадисување на возилата на Dacia.

  • 24 september 2024СОФ Конект го трансформира Аеродром Софија (Бугарија) со нов терминал за 256 милиони евра

    Аеродромскиот оператор СОФ Конект го започна својот голем проект за трансформација на Аеродром Софија во првиот регионален аеродром со 5 ѕвезди во Европа, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Ова се случи при официјалното претставување на концептуален дизајн на идниот Терминал 3. Проектот за изградба на новиот Терминал 3 е чекор кон модернизација на Аеродром Софија, за што се планирани 256 милиони евра. Според зборовите на извршниот директор на СОФ Конект, Хесус Кабајеро, амбицијата на операторот е да ја претвори стратешката транспортна инфраструктура во бугарската престолнина во референца од светска класа со највисоки стандарди за одржливост.

  • 19 september 2024Швајцарскиот производител на сончогледово масло SunPro гради фабрика за 20 милиони евра во Романија

    Швајцарскиот производител на сончогледово масло SunPro е во очекување да започне со градбени активности оваа есен на својата нова фабрика во град Галац, Романија, дозна BalkanEngineer.com од Economica.net. Во моментов компанијата се уште е во фаза на добивање на дозволи. Во февруари 2023 година, SunPro склучи договор за концесија за парцела од 5 хектари во слободната зона во градот Галац за период од 49 години. Компанијата ја финализираше фазата на проектирање и веќе е во процес на увоз на машини и опрема што се потребни за идното производство. Очекуваната инвестиција во фабриката е 20 милиони евра.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 04 october 2024Со инвестиција од 650 милиони евра, Nokian Tires ја отвори во Романија првата во светот фабрика за гуми со нулта јаглеродни емис

    Финската компанија Nokian Tires ја отвори својата фабрика за автомобилски гуми во Орадеа, Романија, при што претставници на компанијата тврдат дека тоа е првата фабрика за гуми со нулта јаглеродни емисии во светот, дозна Borsa.bg од публикација на романскиот сајт agerpres.ro. Фабриката е реализирана со инвестиција од 650 милиони евра - што е меѓу најголемите инвестиции во Романија во последните години, со 100 милиони евра поддршка од романската држава. „Многу сме среќни да ја отвориме нашата фабрика во Орадеа. Тоа ќе ја зголеми нашата способност да ги послужуваме клиентите во Централна Европа и пошироко и ќе го поддржи нашиот план за зголемување на нашиот промет до 2 милијарди евра.

  • 30 september 2024Бугарската компанија Healthy Bars го проширува своето производство со нова фабрика и се подготвува за влез на пазарите во Сад и

    Бугарската компанија Healthy Bars планира да изгради нова фабрика во Софија. Новото производство ќе отвори 45 работни места и ќе воведе нови производи во палетата на компанијата, дозна BalkanEngineer.com од Economic.bg. Компанијата моментално има производствена база на друга локација во земјава со две производствени линии и 105 вработени. Healthy Bars ги продава своите производи во 46 земји, при што главни пазари се Германија, Холандија, Грција и Скандинавија.

  • 27 september 2024Албанија за прв пат учествуваше на Cassini Hackathon со иновации за одржливост и зелени решенија

    Албанската престолнина Тирана беше за прв пат домаќин на технолошкиот настан Cassini Hackathon помеѓу 13 и 15 септември оваа година, дозна BalkanEngineer.com од Albaniatech.org. Овогодинешното издание на настанот, поддржано од Европската комисија, се одржа во вкупно 10 европски земји. Cassini Hackathon се одржа под наслов „Животна средина и зелена транзиција“, со организатор во Тирана ICTSlab. Тимовите од Албанија кои беа вклучени на натпреварот презентираа широк спектар на проекти, меѓу кои и комбинирање на цемент и мов за намалување на емисиите на јаглерод диоксид, систем за превенција на пожари со помош на машинско учење и платформа за озеленување и охрабрување на употребата на велосипеди.

  • 25 september 2024Седум нови инвестиции ќе ја стимулираат економијата на Северна Македонија во 2024 година

    Се очекува седум нови инвестиции оваа година да ја стимулираат економијата на Северна Македонија, дозна Борса.bg од pari.com.mk. Новите проекти ќе доведат до зголемување на вработеноста и подобрување на животниот стандард, а освен тоа се предвидува проширување на производствените капацитети на веќе етаблираните компании во земјава. Економските податоци за јули и август покажаа раст на индустриското производство, особено на преработувачката индустрија, по падот во претходните месеци. Очекувањата се овој позитивен тренд да продолжи до крајот на годината. Во вториот квартал од 2024 година, БДП порасна за 2,3%, што ги надмина прогнозите на меѓународните финансиски институции и демонстрира знаци на економско обновување.

  • 20 september 2024Србија и Кина потпишаа меморандум за научна и технолошка соработка во областа на зелената енергија

    Српската енергетска компанија NIS потпиша меморандум за научна и технолошка соработка со кинеската компанија Sinopec Petroleum Engineering Corporation, дозна BalkanEngineer.com од SEENews.com. Sinopec Petroleum Engineering Corporation е дел од кинеската државна компанија Sinopec Group, која е најголемиот снабдувач на нафта и петрохемиски производи во Кина. NIS и Sinopec Petroleum Engineering Corporation планираат да соработуваат во области како што се зафаќање, искористување и складирање на јаглерод диоксид, нискојаглеродно производство на водород, како и производство на енергија од геотермални и соларни извори.

  • 18 september 2024Регулаторот за електронските комуникации во Албанија распиша тендер за изградбата на 5G мрежа во земјата

    Албанскиот регулатор за електронски комуникации и поштенски услуги AKEP распиша тендер за доделување на права за користење на фреквенции во опсегот 3400-3800 MHz, дозна BalkanEngineer.com од Kapitali.al. Понудата е наменета кон оператори за изградба на 5G мрежа во земјата. Според податоците на AKEP, околу 55 отсто од населението во Албанија ќе има 5G покриеност до крајот на 2027 година. До крајот на следната година, многу објекти во земјата, вклучувајќи ги пристаништата во Драч, Валона, Саранда и Порто Романо, меѓународниот аеродром, индустриската зона како и болничките центри во Тирана, ќе имаат 5G услуга, дел од спектарот 3,4-3,8 GHz.

Види ги сите »