Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

GreMa 3D: Среќни сме да го објавиме нашето партнерство со 2onelab - производител на иновативни машини за 3D печатење

20 february 2024

In Bulgarian In Serbian  In Albanian

 

На почетокот на новата година, GreMa 3D склучи стратешко партнерство со 2onelab - компанија која развива иновативни машини со целосно патентиран систем. „Опремата за 3D печатење на 2onelab е специјализирана за потребите на стоматолошките и научните средини, обезбедувајќи им на корисниците современа технологија за прототипирање и одржливо производство“, коментира инж. Андреј Дуницов, управител на  GreMa 3D  - водечки добавувач на целосни 3D  технолошки решенија, што нуди широк асортиман на производи и услуги. Тие вклучуваат авангарден софтвер, 3D скенери, печатачи, широк спектар на висококвалитетни материјали, потрошен материјал, додатоци, усовршена опрема за пост- обработка, вклучително и инженеринг услуги за 3D скенирање и прототипирање.

 

 

„Нашето партнерство со таков посветен тим на професионалци како на GreMa 3D не е само чест, туку и важен настан за нас. Во согласност со нашата филозофија на споделено ангажирање кон иновациите, квалитетот и прецизноста, тоа целосно ги поддржува нашите деловни потреби. Веруваме дека нашата заедничка работа со GreMa 3D ќе ни отвори нови хоризонти“, изјавија од 2onelab.

 

Специјалистите на тимот на 2onelab се обединети од страста кон адитивното производство. Целта на компанијата е да ја намали сложеноста на 3D печатењето, развивајќи технологии кои се лесни за употреба од сите, без тоа да е за сметка на квалитетот на конечниот резултат. И покрај тоа дека се фокусирани на слободните пазарни капацитети во стоматологијата и научниот развој, нивните решенија наоѓаат примена и во индустријата. „Целта на 2onelab е да се разликува од масата на производители во сферата на 3D печатење, потврдувајќи го својот бренд како „идеално решение“ за ефективно адитивно производство. За нас е задоволство што можеме да соработуваме со такви посветени експерти во областа и да им ги обезбедиме на нашите клиенти производите од нивното портфолио“, соопштија од GreMa 3D.

 

Палетата на производи на германскиот производител вклучува: 3D метален печатач 2Create и 2Create plus со моќен ласер, систем за ултразвучно просејување 2Sieve, систем за чистење 2Clean, генератор на азот 2N2, како и усовршеното CAM решение за 3D печатење 2Build - со други зборови, се што е потребно за ефикасен работен процес.

 

 

„Освен страста за иновации, ангажирање за животната средина и интересот за можностите на 3D технологиите за постигнување одржливо производство, со 2onelab нè поврзува и вниманието кон клиентот. Секој од нас, во својата насока, се стреми да им обезбеди на корисниците првокласни решенија и пристап до потенцијалот на 3D технологиите. Да навлеземе во иднината заедно со нашите партнери е нашата посакувана перспектива за наше заедничко усовршување и развој“, додаде уште г-дин Дуницов.

 

Адреса: Русе, ул. Љуљак 11

Телефон: +359 88 810 0273

E-mail: office@grema3d.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), 2onelab, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »