In Bulgarian In Serbian In Albanian
На почетокот на новата година, GreMa 3D склучи стратешко партнерство со 2onelab - компанија која развива иновативни машини со целосно патентиран систем. „Опремата за 3D печатење на 2onelab е специјализирана за потребите на стоматолошките и научните средини, обезбедувајќи им на корисниците современа технологија за прототипирање и одржливо производство“, коментира инж. Андреј Дуницов, управител на GreMa 3D - водечки добавувач на целосни 3D технолошки решенија, што нуди широк асортиман на производи и услуги. Тие вклучуваат авангарден софтвер, 3D скенери, печатачи, широк спектар на висококвалитетни материјали, потрошен материјал, додатоци, усовршена опрема за пост- обработка, вклучително и инженеринг услуги за 3D скенирање и прототипирање.
„Нашето партнерство со таков посветен тим на професионалци како на GreMa 3D не е само чест, туку и важен настан за нас. Во согласност со нашата филозофија на споделено ангажирање кон иновациите, квалитетот и прецизноста, тоа целосно ги поддржува нашите деловни потреби. Веруваме дека нашата заедничка работа со GreMa 3D ќе ни отвори нови хоризонти“, изјавија од 2onelab.
Специјалистите на тимот на 2onelab се обединети од страста кон адитивното производство. Целта на компанијата е да ја намали сложеноста на 3D печатењето, развивајќи технологии кои се лесни за употреба од сите, без тоа да е за сметка на квалитетот на конечниот резултат. И покрај тоа дека се фокусирани на слободните пазарни капацитети во стоматологијата и научниот развој, нивните решенија наоѓаат примена и во индустријата. „Целта на 2onelab е да се разликува од масата на производители во сферата на 3D печатење, потврдувајќи го својот бренд како „идеално решение“ за ефективно адитивно производство. За нас е задоволство што можеме да соработуваме со такви посветени експерти во областа и да им ги обезбедиме на нашите клиенти производите од нивното портфолио“, соопштија од GreMa 3D.
Палетата на производи на германскиот производител вклучува: 3D метален печатач 2Create и 2Create plus со моќен ласер, систем за ултразвучно просејување 2Sieve, систем за чистење 2Clean, генератор на азот 2N2, како и усовршеното CAM решение за 3D печатење 2Build - со други зборови, се што е потребно за ефикасен работен процес.
„Освен страста за иновации, ангажирање за животната средина и интересот за можностите на 3D технологиите за постигнување одржливо производство, со 2onelab нè поврзува и вниманието кон клиентот. Секој од нас, во својата насока, се стреми да им обезбеди на корисниците првокласни решенија и пристап до потенцијалот на 3D технологиите. Да навлеземе во иднината заедно со нашите партнери е нашата посакувана перспектива за наше заедничко усовршување и развој“, додаде уште г-дин Дуницов.
Адреса: Русе, ул. Љуљак 11
E-mail: office@grema3d.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: GreMa 3D (Грејт Мастер), 2onelab, canva.com