In Bulgarian. In Romanian. In Serbian.
Подружницата на водечката производствена, инженеринг и трговска фирма Филкаб што развива дејност во областа на обновливи извори на енергија на територијата на Република Турција - FİLKAB Solar Enerji, успешно заврши голем фотонапонски проект во земјата, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата.
„Фотонапонската централа Maras 01 се наоѓа во теренот на село Бујукјапалак, Турција, на површина од над 120 декари. Таа е со инсталиран максимална моќ од 8 Mwp. Екипата на Филкаб ги исполни испораката и изградбата на електротехничкиот дел од проектот“, изјавија од фирмата.
Од компанијата уште појаснија дека паркот е изграден од 30 774 парчиња поликристални фотонапонски модули Hanwha SolarOne HSL60P6-PC-1-260, а генерираната од нив електрична енергија се конвертира од 7 инвертор станици произведени од LTI ReEnergy.
Инвеститор на проектот е светски докажаниот корејски производител на соларни ќелии и фотонапонски модули Hanwha Q CELLS Co., преку својата подружница во Турција - Hanwha Q CELLS Günes Enerjisi.
Од Филкаб уште соопштија дека Hanwha Q CELLS планира да изгради уште една 80-мегаватска фотонапонска централа во Турција до крајот на 2016 година.
Извор на фотографии: Филкаб Солар