Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Лазатек: Filtermist разви нова и лесна за употреба алатка F Monitor Essential за следење на филтер модули

01 march 2024

In Bulgarian  In Serbian In Albanian

 

Filtermist разви и лансираше на пазарот целосно нов уред за следење што има за цел максимално да ја олесни проверката на операторите на машините за обработка на метали, дали колекторот за магла за масло Filtermist работи во рамките на наведените работни параметри на производителот. „Почнувајќи од 1 јануари 2024 година, Filtermist им го испорачува на своите клиенти уредот за следење F Monitor Essential. Тоа е лесен за инсталирање и лесен за користење визуелен индикатор кој ги мери брзината и притисокот на протокот на воздух за да провери дали низ склопот на филтерот воздухот тече со потребната количина и брзина или дали има затнување во системот за извлекување што потенцијално може да влијае на продуктивноста“, информираа од водечката трговска компанија Лазатек, која на балканските пазари ги нуди производите на производителот на филтер решенија за отстранување на маслена магла Filtermist.

 

 

Како и другите уреди за набљудување на Filtermist, F Monitor Essential го користи докажаниот систем на семафори од обоени LED светла за да ја покаже работната состојба на модулот Filtermist. Постојано или трепкачко зелено светло за воздушниот проток ќе покаже дека тој е со потребните проток и притисок (над 80%), постојано или трепкачко жолто светло за воздушен проток значи дека воздушниот проток е помеѓу 50 – 80% од неговите номинални вредности, што значи дека е време за сервисна проверка. Црвеното светло е индикатор за преземање на итни активности бидејќи протокот на воздух е под 50% од поставените во почетокот параметри.

 

Новиот уред за мониторинг е специјално проектиран за да обезбеди лесна инсталација. Се монтира на машината со помош на магнети и се напојува со две стандардни AA батерии, што значи дека не е потребно електрично напојување од мрежата.

 

Главниот извршен директор на Filtermist Limited, г-дин Џејмс Стансфилд, коментира: „Целта на овој нов производ е да им олесни максимално на операторите да проверат дали модулите на Filtermist функционираат правилно. На овој начин, персоналот е заштитен од вдишување на штетните честички на маслена магла во воздухот. Системот за сигнализација во боја е многу видлив дури и кога е поставен на значителна височина, а фактот што не е потребно електрично напојување со кабел ги намалува трошоците за монтажа, што го прави достапен за многу поширок круг на клиенти“.

 

 

„Овој нов модел е додаток кон F Monitor 2, кој го следи воздушниот проток, времето, вибрациите и температурата. Уредите за следење F Monitor Essential нудат опција како основно решение за оние корисници кои бараат ефикасен систем со лесно ракување“, објаснија од  Лазатек.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com

 

 

Извор на фотографии: Лазатек, Filtermist, canva.com 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »