Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Маккаб ДООЕЛ: Градиме фотонапонски системи за сопствена потрошувачка

21 september 2016

In Bulgarian.   In Romanian.   In Serbian.

 

Една од насоките во развојот на трговската, производствена и инженеринг компанија Маккаб ДООЕЛ е во областа на обновливите извори на енергија, а особено во изградбата на фотонапонски системи за сопствена потрошувачка, коментираа за BalkanEngineer.com од фирмата.

 

„Со терминот“ сопствена потрошувачка „се подразбира делот на електричната енергија произведена од фотонапонски системи, која се консумира директно на местото на производството и носи голем број на предности, меѓу кои ефикасност и независност“, појаснија од Маккаб ДООЕЛ. Повисоката ефикасност на овие системи се должи на минималните загуби од пренос и конверзија поради совпаѓањето на местото на производство и потрошувачка.

 

„Инвестицијата во фотонапонска система за сопствена потрошувачка ни прави и помалку зависни од постојано растечките цени на електричната енергија“, појаснија од Маккаб. Автономните фотонапонски системи се главен извор на напојување на места до кои нема изградена електрична дистрибутивна  мрежа или кога приклучувањето кон неа е финансиски нерентабилно. Карактеристично за работата на системите за сопствена потрошувачка е дека произведената енергија се користи приоритетно за покривање на потрошувачката на потрошувачите вклучени во внатрешната мрежа.

 

„За да гарантираме високи приноси на енергија, долг работен век на инсталацијата и одлична гаранција и понатамошна поддршка, користиме опрема на реномирани европски производители“,  прецизираа од Маккаб ДООЕЛ. „Располагаме со значителни залихи од сите компоненти потребни за изградба на еден PV систем - модули, инвертори, полначи контролери, кабли, акумулатори и др.“, додаваат од Маккаб ДООЕЛ.

 

Фирмата Маккаб ДООЕЛ има акумулирано богато искуство во изградба на сите видови фотонапонски инсталации од повеќе мегаватни копнени електроцентрали до мали off-grid и хибридни системи за автономно напојување. Специјалистите на фирмата изградиле референтни објекти на територијата на Романија, Бугарија, Грција, Македонија и Кипар, вкупната моќност на кои надминува 30 MW.

 

 

Филкаб  централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: 032/277 171; 032/608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ:

Адреса: Македонија, град Скопje, Ацо Шопов 28 (во кругот на фабриката Карпош)

Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 075/397235

E-mail: makkab_office@yahoo.com

 

 

Извор на фотографииМаккаб ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »