Пред имплементацијата на систем кој ја автоматизира инспекцијата на квалитетот, контролата и ракувањето со кованиците во производството на компанијата за синџири Pewag се извршуваше од луѓе. Ова често доведуваше до несакани отстапувања во квалитетот. Во својот стремеж да остане конкурентна на пазарот, компанијата се сврти кон Pewag Engineering, која е дел од бизнис групацијата и е специјализирана за проектирање на решенија за автоматизација, за да најде решение за овој проблем.
„Од Pewag Engineering се зафатија со разработката на персонализирано решение за автоматизација кое вклучува целосно интегрирана технологија за машинско гледање iRVision 3D на FANUC за извршување на 100% проверка на кованиците. Потоа индустрискиот робот FANUC M-710iC/50 со 6 оски на системот за автоматизација ги префрлува проверените кованици во CNC центар за обработка“, раскажаа за BalkanEngineer.com од FANUC.
Денес, овој систем обезбедува целосна контрола со висока прецизност и повторливост. Важно е да се спомене дека зголемувањето на точноста на контрола на квалитетот значи дека трошоците на Pewag за гарантирање на квалитетот веќе се значително помали.
Pewag е еден од водечките производители на синџири во светот, чија историја може да се проследи наназад во времето до ковачница која постои уште од 1479 година. Денес, со повеќе од 1.000 вработени ширум светот, компанијата го должи својот успех на одлично проектирани современи производи со постојано висок квалитет. Портфолиото на Pewag вклучува синџири за снег, синџири за шумарство, синџири за машини за подигање/транспорт и синџири за заштита на гуми. Една од најголемите фабрики на компанијата во Европа е нејзиниот производствен објект со 185 вработени во Вамберк во Чешка, каде компанијата Pewag Engineering влегува во составот на групацијата, а неодамна имплементираше усовршено решение за автоматизација засновано на предностите на технологијата FANUC.
„Неодамна воведовме усовршено решение за автоматизација во соработка со FANUC за да обезбедиме контрола на квалитетот на највисоко ниво “, коментираат од Pewag Engineering.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: +359 2 492 9369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC