In Bulgarian
Секој инженер знае дека CNC е кратенка за Computerised Numerical Control. Го поддржува електронскиот процес за управување на машините за сечење метал. Неговиот претходник, кинематско програмско управување (NC control), првпат беше разработено во 40-тите и 50-тите години од минатиот век. „Како пионер во оваа индустриска гранка, FANUC беше првата приватна јапонска компанија која произведе NC управување порано од повеќето свои меѓународни конкуренти уште во 1956 година. Неколку години подоцна, следеше разработката на електрохидрауличен импулсен мотор, кој стана основа за ексклузивната серво технологија на FANUC“, коментираа од ФАНУК Бугарија.
Во април 2020 година, компанијата го произведе своето 5.000.000-то CNC управување. Претседателот и главен извршен директор на јапонскиот гигант FANUC Corporation, г-дин Кенџи Јамагучи, го оцени новиот рекорд на компанијата како важна фаза на патот на нејзиниот успешен развој.
„Вештачката интелигенција во CNC управувањето помага за зголемување на ефикасноста на технолошките процеси, како и за зголемување на времето на работа на машината и квалитетот на производството“, изјави г-дин Шиничи Танзава, претседател и главен извршен директор на FANUC Europe Corporation.
Главниот фокус во развојот на современите CNC управувања е ставен на удобноста на користење. Специјален компјутерски софтвер (CNC GUIDE) им помага на производителите на машинска опрема за време на виртуелната разработка, моделирањето и тестирањето на „дигиталниот пандан“ на машината. Софтверот се користи и за обука за програмирање на CNC управувања.
Компанијата планира и во наредните години да продолжи со својата активна инвестициска политика. „Ние брзо го прошируваме нашето присуство во речиси сите европски земји за да ги задоволиме потребите на нашите сегашни и идни клиенти“, сподели уште претседателот и главен извршен директор на FANUC Europe Corporation г-дин Шиничи Танзава.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 49 29 369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC