Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

FANUC одбележа 37 години присуство во Бугарија со коктел за време на MachTech & Innotech 2018

20 april 2018

In Bulgarian

 

37-години присуство во Бугарија прослави ФАНУК Бугарија ДООЕЛ во рамките на овогодинешното учество на меѓународниот специјализиран саем MachTech & Innotech, што се одржа од 26 до 29 март во Софија. Друштвото е подружница на светскиот лидер во роботизацијата FANUC и ја прослави годишнината од отворањето на својата канцеларија во Бугарија со стилски коктел, презентација на првото корпоративно видео за проект на компанијата што е реализиран во земјата, и импресивна реализација во изложбена сала 4 на Интер Експо Центар (ИЕЦ) во главниот град.

 

На 27 март 2018 година ФАНУК Бугарија пречека свои одбрани партнери, соработници, клиенти и пријатели во коктел салата на 7-ми кат на ИЕЦ, Софија. Меѓу официјалните гости на настанот беа г-дин Хиројуки Харада, потпретседател на FANUC Europe, како и јапонскиот амбасадор во Бугарија Н. Е. Масато Ватанабе.

 

„На 27 март 1981 година со одлука на Владата FANUC ја започна својата активност во Бугарија. Немаше посоодветен датум на кој да го одбележиме роденденот на ФАНУК кај нас“, изјави во поздравниот говор кон гостите на коктелот управителот инж. Христо Гилиштаров. Подружницата е одговорна и за активностите на FANUC во Грција, Македонија, Кипар и Албанија.

 

 

За време на прославата беше претставено првото корпоративно видео на FANUC за Бугарија, во кое се одразува соработката на компанијата со друг утврден производител, имено фирма TESY.

 

Гостите на презентацијата имаа можност да се запознаат со дел од импресивната историја на јапонскиот технолошки гигант. „За секоја категорија на производи работат 10 развојни лаборатории“, објасни г-дин Гилиштаров. Тој исто така раскажа за фабриката за операции на дребонг, каде што роботи произведуваат роботи. „Фабриката може да функционира повеќе од една недела, без потреба од човечка интервенција", додаде г-дин Гилиштаров.

 

 

Овогодинешното учество на ФАНУК Бугарија на MachTech & Innotech помина со импресивно присуство. Вкупно 7 роботи на FANUC беа изложени во ИЕЦ, а на штандот на компанијата го претстави за прв пат пред бугарска публика колаборативниот робот CR-7iA, како и најновото засилување во своето производствено портфолио - роботската клетка за заварување ARC Mate 100iC.

 

„Во моментов роботизацијата е исклучително актуелни тренд во сите сектори на индустријата, а не е тајна за никого дека FANUC ја има најбогатата палета на можности и решенија“, додадоа од компанијата.

 

 

CR-7iA е компактно и флексибилно решение за еднообразни, повторувачки операции, кои одземаат време. „Тајната и најголемата предност на колаборативните роботи како него е дека не им требаат огради. Благодарение на вградената сензор технологија, роботот запира автоматски при допир со друг објект што го прави безбеден и ефикасен“, појаснија од компанијата.

 

 

Специјалистите од ФАНУК Бугарија претставија на своите гости и традиционално најпосакувани разработувања - универзалниот вертикален обработувачки центар ROBODRILL и машините за глодање и стругање ЦПУ ROBOSHOT.

 

Централна канцеларија за Југоисточна Европа

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

 

Извор на фото материјал: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »