In Bulgarian
Во однос на поврзувањето, ROBODRILL α-DiB Plus ги поддржува сите главни индустриски комуникациски протоколи
Политиката на FANUC да го развива своето портфолио во согласност со барањата на своите клиенти е движечката сила зад изградбата на новиот многу сигурен и со висока продуктивност центар за обработка со глодање ROBODRILL α-DiB Plus. „Подобрените перформанси, како што се поголем вртежен момент на вретеното, интелигентното управување на додавањето на функцијата Punch tapping се само дел од дополнувањата ориентирани кон клиентите на новата серија ROBODRILL, која се базира на најновото управување 31i-B Plus на FANUC“, соопштија од ФАНУК Бугарија.
„Дополнително го разработивме нашиот најпродаван производ, потпирајќи се на повратните информации од нашите клиенти“, изјави г-дин Штефан Раф, раководител за продажба на ROBODRILL и ROBOCUT на FANUC Europe.
Сè поинтелигентни функционални можности
Корисниците на ROBODRILL α-DiB Plus ќе имаат на располагање сè поинтелигентни функционални можности. На пример, кога машината ќе констатира зголемување на вртежниот момент поради поголема длабочина на сечењето на одреден дел од детаљот, таа автоматски ќе ја намали стапката на додавање за да избегне активирање на функцијата „преоптоварување“. Слично на тоа, кога ќе се намали длабочината на сечењето, машината автоматски ќе ја зголеми стапката на додавање до претходната вредност.
Исто така, нова е функцијата Punch tapping, која ги користи предностите на иновативната алатка Punch Tap на Emuge.
Постигнување на максимална контрола врз процесот
Како и сите разработки на FANUC, ROBODRILL α-DiB Plus се одликува со енергетска ефикасна продуктивност - центарот троши електрична енергија само кога е потребно.
Проширено портфолио со верзија за секој производител
Претставувајќи универзална машина со голема брзина погодна за сите видови производство, без оглед на големината на серијата, ROBODRILL α-DiB Plus се нуди во две верзии: стандардна и напредна. Стандардниот модел е идеален за широк пазарен сегмент, вклучувајќи производство на медицинска опрема, часовници, производство на електрични возила и многу други. Напредниот центар за обработка на ROBODRILL на FANUC е наменет главно за производства кои имаат високи барања за волумен на производството.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 49 29 369
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: ФАНУК Бугарија, FANUC