Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

FANUC ги импресионира посетителите на MachTech 2024 со сигурни и повеќефункционални решенија за автоматизација

14 november 2024

Albanian   Bulgarian

 

За време на саемот MachTech & InnoTech 2024, жолтиот штанд на FANUC повторно ги тераше посетителите да застанат и да ги разгледуваат со интерес изложените експонати на јапонскиот лидер во индустриската автоматизација. Бугарската компанија, која исто така одговара за клиентите на компанијата од Грција, Северна Македонија, Албанија и Кипар како регионален центар на FANUC, оваа година покажа три експонати: машински центар ROBODRILL α-D21LiB5 Plus заедно со CNC управување 31i-B5 Plus што може да произведува големи компоненти со висока динамика, робот за заварување ARC Mate 100iD со позиционер со две оски и колаборативен робот CRX-10iA/L во намена за палетирање.

 

 

„Оваа година претставуваме колаборативен робот CRX-10iA/L со долга рака и камера што препознава како е ориениран детаљот со кој коботот ќе манипулира. Роботот е демонстриран во намена за палетирање и депалетирање. Со тежина од само 39 килограми, овој бел кобот може да изведува исклучително мазни движења, да го подигне предметот од палета пред себе и да го постави на палета зад себе со едно, мазно движење“, објаснија од ФАНУК Бугарија.

 

 

Вториот експонат беше индустриски робот за заварување ARC Mate 100iD на FANUC со позиционер со две оски што го координира движењето на роботот и позиционерот. „Роботот со шест оски и позиционерот со две оски покажуваат како детаљот може да се ротира во две рамнини и да изведува хоризонтални заварувања. Роботот може да се користи со апарати за заварување на различни производители, како што го демонстриравме со примерна програма за заварување на елементи“, коментираа од ФАНУК Бугарија.

 

Третиот експонат на штандот на ФАНУК Бугарија беше вертикален глодачки центар ROBODRILL α-D21LiB5 Plus од мошне висока класа. Компактната машина е најголемиот модел во палетата ROBODRILL, кој е оптимизиран за високобрзинска обработка. Центарот за глодање ги нуди сите предности на помалите машини, но со уште повеќе варијанти за зафаќање.

 

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД

Телефон: +359 2 492 9369

E-mail: service.bg@fanuc.eu

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

Извор на фотографии: Инженер.bg

 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »