In Bulgarian
FANUC го најави пазарното деби на својата најнова серија на CNC системи 30i-B Plus, која е подобрена во насока на достигнување на голема брзина, исклучително голема прецизност и висококвалитетна обработка. „Новите CNC контроли 30i-B Plus комбинираат во себе напреден интегриран хардвер и над 250 софтверски функции. Тие ги користат најновите технологии за управување со FANUC, преку кои се постигнува максимална ефикасност“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија.
„Користената во 30i-B Plus технологија Fine Surface го подобрува квалитетот на површината на деталите што се обработуваат, додека технологијата Fast Cycle Time го скратува времето на извршување на програмата за обработка, го намалува времето на циклусот и ја подобрува продуктивноста на машината. Интегрираната технологија 5 Axis ја поедноставува обработката на петте оски, со што го стимулира операторот да ја користи целата функционалност на машинската опрема“, додадоа од бугарската канцеларија на FANUC.
Употребата на роботи во вметнување и вадење на деталите од центрите за обработка ја подобрува продуктивноста. CNC системот 30i-B Plus поддржува QSSR интерфејс - "Брзо и лесно роботизирање на процес" – за поврзување на CNC управувањето и роботот. Со помош на овој интерфејс кон еден робот можат лесно и брзо да се поврзат до четири центри за обработка со CNC управување на FANUC. Сè што е потребно за комуникацијата е еден Ethernet кабел.
Во стандардна изведба на 30i-B Plus веќе е вклучена и поддршката на многу важни функции. На пример, функциите за безбедност помагаат да се избегнат оштетувања на машината а оние за заштита спречуваат неовластен пристап. Меморијата е зголемена за да се сместат се повеќе и поголеми програми, при што истовремено обезбедува зголемена флексибилност при конфигурирање на незадолжителните функции.
„Оваа уникатна комбинација на карактеристики го претвора 30i-B Plus во репер за интелигентна продуктивност и автоматизирано производство“, изјавија во заклучок од ФАНУК Бугарија.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: ФАНУК България