Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

BHTC: Бизнис наградите што ги освоивме во текот на годините се израз на признание и поттик за нови достигнувањ

10 september 2018

In Bulgarian

 

Бизнисот умее да ги оценува „одличниците“, а белег за тоа се бројните класирања и награди на гранковите организации и медиумите кои го возбудуваат целиот индустриски свет. Една од продукциите која е носител на повеќе престижни награди е Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ (ВНТС). „Признанијата кои ги освоивме за времето од отворањето на нашата база во Бугарија во 2015 година до денес, се израз на признание за активностите на друштвото и поттик за уште повпечатливи остварувања“, изјавија за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

 

На локална почва, единицата е високо оценета како инвеститор во динамичниот автомобилски сектор, а исто така и како работодавач, кој прави стратешки напори во областа на човечкиот капитал.

 

Еве какви награди им беа доделени на Бер-Хелла Термоконтролво текот на годините:

 

Второ место во категорија „Градење на работодавачки бренд“ од конкурсот BAPRA Bright Awards: На церемонија на 10 мај 2018 година Бугарската асоцијација на ПР агенциите (БАПРА) ги прогласи победниците на деветтото издание на ПР конкурсот BAPRA Bright Awards. Наградата му беше доделена на BHTC за целогодишна активна работа на оддел „Човечки ресурси“.

 

 

Признание во категоријата Employer Branding Project во Првите годишни награди за Employer Branding во Бугарија (19 јануари 2018 година). Наградата е за реализирани проекти со стратешки пристап кон развојот на работодавачки бренд и со изгледи за успешно привлекување, управување и задржување на таленти. Компанијата се класира достојно во битката за титулата „Успешен работодавач“.

 

Годишни бизнис награди за B2B Media 2016: Прво место во категоријата „Бизнис проект на годината“ и трето место во категорија „Проект со едукативен фокус“.

 

 

Годишни награди „Инвеститор на годината“ на Бугарската агенција за инвестиции за 2015 година: Второ место во категорија „Инвеститор на годината“.

 

Годишни награди на германската економија во Бугарија: Трето место за Големо претпријатие на годината во 2016 година и прво место во 2015 година.

 

Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8

Телефон: +359 2/999 88 41

E-mail: bulgaria@bhtc.com

 

Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »