In Bulgarian In Romanian In Serbian
Во деновите непосредно пред COVID-19 да ја освои Европа, во нашата земја се одржа настан, кој го привлече вниманието на специјалистите со можностите на презентираните решенија да создадат трендови во секоја област од четвртата индустриска револуција. Станува збор за меѓународната конференција Additive Days и нејзиното второ издание, кое собра бројни специјалисти во областа на архитектурата и градежништвото под наслов „Beyond the Hype“, организирана од бугарската компанија B2N.
За време на специјализираниот настан за 3Д печатење Additive days 2020, што се одржа во 2020 година, непосредно пред пандемијата на COVID-19, докажаната бугарска компанија на пазарот на адитивни технологии B2N презентираше уреди од докажани производители од оваа област, како и голем број на иновативни методи за создавање на готови детали и прототипови. Меѓу брендовите понудени од компанијата, со кои посетителите се запознаа за време на настанот, беа Ultimaker од Холандија, Formlabs од Америка и BigRep од Германија. Погледнете што друго споделија со BalkanEngineer.com од B2N.
„Еден од најинтересните детали меѓу нашите експонати беше 3Д отпечатен детаљ со прашкаста технологија, кај која нема потпори и овозможува многу голема слобода на дизајнот. Прашкастата технологија е многу погодна за прототипирање со тешка геометрија, внатрешни шуплини и големи барања по однос на мазност, кои не можат да се обработуваат рачно. Кај оваа технологија достапен е многу широк спектар на специфични материјали што можат да издржат високи температури“, објаснија од компанијата.
B2N нуди машини кои работат со различни материјали и, соодветно на тоа, финалниот производ има различна намена. На пример, уредите на Ultimaker и на BigRep работат со пластични влакна, додека оние на Formlabs работат со фотополимерна смола.
При печатењето со фотополимерна смола, деталите се многу помазни и изгледаат комплетно готови, додека кај принтерите со пластични влакна деталите се во слоеви и малку погруби. Затоа, овој метод е погоден за брзо прототипирање на инженерски детали.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: B2N