Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

ABB ја обновува идентичноста на својот бренд „Engineered to Outrun“ за да ја инспирира индустријата за поголеми достигнувања

02 december 2024

In Bulgarian

 

АВВ презема нов чекор во својот развој, обновувајќи ја идентичноста на својот бренд за да ја нагласи својата мисија на глобален лидер во снабдувањето со електрична енергија, електричната опрема, автоматизацијата и дигитализацијата. Со својот нов слоган „Engineered to Outrun“, компанијата ја акцентира својата ангажираност за развојот и производството на економични и еколошки решенија кои им помагаат на индустриите да се развиваат во сегашното време на дигитална трансформација. Повеќе за новата визија на групацијата за BalkanEngineer.com раскажаа специјалистите од компанијата.

 

 

„Во основата на новото позиционирање на ABB е концептот „Outrun“, кој носи двојно значење. Прво, ја акцентира поддршката што ABB им ја дава на своите партнери за да одржуваат висока продуктивност. Второ, тој ја одразува визијата на компанијата за зголемување на ефикасноста и продуктивноста, така што индустриите не само што да се адаптираат кон променливите услови, туку и да ги испреварат“, објаснија од АББ.

 

 

Новото позиционирање е обединето околу две клучни насоки:

 

-Leaner – Постигнување на висока продуктивност и ефикасност преку водечки решенија за автоматизација кои го оптимизираат секојдневното работење на индустриите;

-Cleaner – лидерството на ABB во декарбонизацијата, што обезбедува одржливи решенија за најважните индустрии, како што се снабдување со електрична енергија и електрична опрема.

 

„Engineered to Outrun“ го заменува претходниот слоган „Let’s write the future. Together“,  но останува верен на мисијата на АВВ – изградба на одржлива и ресурсно ефикасна иднина преку иновации“, нагласија уште од компанијата.

„Во основата на трансформацијата на брендот се наоѓаат продлабочени истражувања и децентрализиран оперативен модел. Ова овозможува создавањето на флексибилна стратегија која ги обединува корпоративните и бизнис секторите на компанијата, истовремено земајќи ги предвид потребите на клиентите“, го продолжија својот коментар од АББ.

 

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: АББ Бугарија, ABB

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »