Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Унисист Инженеринг: Нашиот тим од специјалисти е обединет со заеднички цели за да воспостави квалитетен бренд во светот

12 may 2024

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian In Romanian 

 

Унисист Инженеринг е водечка производствена, инженеринг и трговска компанија чија историја започнува на крајот на минатиот век. Фирмата е специјализирана за разработката на производи и системи за автоматизација базирани на современа основа на елементи и врвни технологии. Со своето речиси 30-годишно експертско искуство, водечко know-how и стремеж кон највисок квалитет, компанијата е етаблирана како еден од водечките специјалисти во својата област не само на локалниот, туку и на меѓународните пазари.

 

 

Производствената програма на претпријатието вклучува широк спектар на производи и решенија од областа на дистрибуцијата на гас, апаратура за контрола и мерење и нестандардна опрема. Меѓу нив се: различни модели на секундарни конвертори за потрошувачка на течности и гас, калибратори, уреди за континуирана контрола на станици за катодна заштита, операторски станици за регистрација и управување на процеси; едноканални и повеќеканални процесни монитори и индикатори, индустриски регулатори, регистратори, индикатори и контролори за температура, вклучително мултиплексери, конвертори за нормирање  и други.

 

„Високиот квалитет на производството, одржливите политики и стремежот кон раст и развој се меѓу принципите што ја ставаат основата на активноста на Унисист Инженеринг. Обезбедувањето на квалитет го постигнуваме преку континуирана обука на персоналот, привлекување на млади специјалисти, одржувањето на стабилни професионални односи со водечките организации за контрола на квалитетот во земјата и други“, коментираа за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

Земајќи ги предвид сериозните економски предизвици, енергетската транзиција и технолошкиот напредок, компанијата насочува се повеќе усилби за постигнување на одржливо производство со грижа за животната средина и безбедноста на луѓето. Паралелно со тоа, секојдневно променливиот индустриски пејзаж бара промена на потребните квалитети и вештини на вработените, бидејќи тие не се само „моторот“ на успехот на секоја бизнис организација, туку и водечка сила на патот кон нејзино прилагодување кон климатските промени и декарбонизацијата. Поради оваа причина, компаниите треба да покажат флексибилност и далековидост, предвидувајќи ги овие промени за да можат да ги подготват своите кадри за иднината.

 

 

Тимот од специјалисти на Унисист Инженеринг е изграден од докажани професионалци во областа на автоматизацијата, обединети со заеднички цели и стремежи за развој и потврдување на квалитетен бренд во светот. „За подобрување на сатисфакцијата од работата и мотивацијата на нашите вработени, не сопираме да инвестираме во нивниот професионален развој преку различни обуки, можности за зголемување на нивните квалификации и разни иницијативи за подобрување на нивните вештини и квалитети“, објаснија од фирмата.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »