Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Програми за практикантска работа на Теси се отворени во текот на целата година како одговор на професионалните потреби на идните

17 may 2023

In Bulgarian   In Romanian  In Serbian

 

Теси: „Инвестирајќи во луѓето и новите технологии, ја создаваме иднината денес!

 

Целогодишни и флексибилни програми за практикантска работа кои на секој студент му даваат можност да ги комбинира работата и образованието до оптимален степен - ова е пристапот што го усвои бугарскиот производител на бојлери и апарати за домаќинство, Теси. А целта е да им се обезбеди на идните специјалисти потребниот старт за блескава кариера во светот на новите технологии. „Веруваме дека практикантската работа во Теси е одлична можност за секој кој сака развој во компанија со лидерски позиции во Европа во областа на разработка на уреди за греење на вода и воздух“, коментираа од компанијата. А кои се отворените работни места и како да аплицирате, погледнете во следните редови.

 

 

Активните работни места за практикантска работа моментално се во следните области: Производство на апарати; Развој на производи; Планирање на производството; Испорака на материјали; Роботизација, автоматизација и производствено одржување; Човечки ресурси и администрација.

 

Можете да аплицирате за практикантска работа во:

- Оддел „Планирање на производството“;

- Оддел „Автоматизација и одржување“;

- Оддел „Контрола на квалитетот“;

- Оддел „Обезбедување на квалитет и стандарди“;

- Оддел „Развој на производи“;

- Оддел „Стратешки инвестициски проекти“;

- Оддел „Производствен сектор“.

 

Условите, работните обврски и барањата за секое од работните места ќе ги најдете на микространицата на компанијата на BalkanEngineer.com, од каде што ќе имате можност директно да аплицирате само со кликнување на едно копче.

 

 

„На располагање на сите наши практиканти има искусни ментори кои ќе ги воведат во „длабочините“ на професионалниот свет и ќе им дадат можност да ја реализираат во пракса научената теорија. Ги очекуваме апликациите од сите заинтересирани и со нетрпение ги очекуваме новите членови во големото семејство на Теси“, изјавија од компанијата.

 

Можете исто така да ги испратите вашите апликации на електронска пошта: recruitment@tesy.com.

 

Канцеларија во Софија

Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат

Телефон: +359 2 902 6666 

Е-mail: office@tesy.com

 

Канцеларија во Шумен

Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.

Телефон: +359 54 859 129 

Е-mail: office@tesy.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Теси (Tesy)

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »