In Albanian In Bulgarian In Serbian
Јужнокорејската компанија YG Tech (Yunil Gear Tech) е докажан производител на CNC центри за глодање на запчаници, која има веќе 60 годишна историја. Од своето основање во 1963 година, нејзиниот тим проектира, разработува и произведува широк спектар на висококвалитетна опрема. „Повеќе од 80% од произведените машини на Јunil се наменети за извоз во десетици земји ширум светот. Тие се одликуваат со висок квалитет, одлични технички карактеристики и разновидни додатоци. Компанијата е сертифицирана според меѓународните стандарди CE, ISO 14001:2004 и ISO 9001:2008“, соопштија од докажаната компанија Лазатек, која ги нуди универзалните машини за глодање на запчаници на Yunil Machine.
До 2001 година, компанијата Yunil произведуваше машини за глодање на запчаници од серијата YNL. Врз основа на 40-годишното искуство во проектирањето и разработката на овој тип на опрема, во 2004 година компанијата го воведе производството на центри за CNC обработка со висока продуктивност и квалитет од серија HERA.
„Благодарение на моќниот електричен погон, усовршените режими на глодање на запчаници и употребата на модуларни полжавести глодалки, центрите за CNC обработка на запчаници на Yunil обезбедуваат одличен квалитет на изработката на запчаници со висок степен на рентабилност на производствениот процес“, категорични се од Лазатек.
Покрај машините за сечење запченици со полжавеста глодалка, Yunil Machine нуди и комбинирани машини од серија NEOPS за глодање на надворешни и внатрешни запчаници според т.н. skiving технологија.
„Друга неоспорна предност на центрите за обработка Yunil е тоа што цената на опремата е значително пониска од цената на други производители, а во однос на техничките карактеристики тие во никој случај не отстапуваат на конкурентните аналози“, убедени се од Лазатек.
Висок степен на автоматизација
Искуството на компанијата Yunil во областа на автоматизацијата овозможува создавање на флексибилен систем за автоматско полнење и комбиниран транспортен систем кои го намалуваат времето потребно за обработка и го зголемуваат квалитетот на производството.
Области на примена
Машините за глодање на запчаници Yunil може да се користат во широк спектар на индустриски гранки, вклучително: машиноградба, воздухопловна индустрија, бродоградба, автомобилска индустрија и други. Опремата е погодна за процеси поврзани со механичката обработка на запчаници во производства во мали, средни и големи серии.
„Центрите за глодање на запчаници со CNC на Yunil се широко користени во автомобилската индустрија. Со нивна помош се произведуваат различни автомобилски компоненти, како што се вратила и планетарни редуктори“, додадоа уште од Лазатец.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фотографии: Лазатек, Yunil