In Albanian In Bulgarian In Serbian
Употребата на неоригинални производи е широко распространета во некои индустрии, а тоа важи особено за поправка на автомобили, но засегнува и други производители и компании кои нудат опрема што користи потрошен материјал. Во улога на производител на оригинална опрема веќе повеќе од 50 години, компанијата Filtermist International има долгогодишно искуство стекнато со заедничката работа со производителите и добавувачите на резервни делови и потрошен материјал кои се рекламираат како „компатибилни со модулите Filtermist“. Специјалистите од водечката компанија Лазатек, која на локалниот пазар ги нуди производите на производителот на решенија на филтри за отстранување на маслена магла Filtermist, го дадоа својот коментар на оваа тема.
„На прв поглед, деловите што не се од производителот на оригинална опрема може да изгледаат многу слични на оригиналниот артикал, но ако се задлабочите, брзо ќе ви стане јасно дека двата потрошни материјали имаат забележливи разлики“, категорични се од Лазатек.
Во Filtermist, тие тестираа секундарен филтер одобрен од компанијата и го споредиле со алтернативен филтер од истиот тип кој е рекламиран како „компатибилен со модули Filtermist“. Материјалот за филтрирање во „компатибилниот“ филтер бил со послаб квалитет, затоа помалку ефикасен, а заптивката се состоела од неколку слоеви наместо од солидна конструкција, што значи дека со текот на времето заптивката може брзо да се оштети.
Извршниот директор на Filtermist, г-дин Џејмс Стансфилд, кој работи во компанијата од 1998 година, прецизира: „Иако секундарните филтри изгледаат како релативно едноставен елемент, ние всушност ги разработувавме во текот на многу години за да постигнеме најдобри можни резултати во однос на проток на флуидот. Тестиравме бројни видови на материјали кои теоретски се чинеше дека ја нудат ефикасноста што ја сакавме, но некои од нив едноставно не можеа да се справат со маслените аеросоли и течноста за ладење со субмикронски димензии што требаше да ги фаќаат. Тие пребрзо се затнуваа или се „залепуваа“, а во некои случаи дури почнаа да се распаѓаат“.
Освен помалата ефикасност, употребата на потрошни материјали што не се од производителот на оригиналната опрема може исто така да резултира и со повисоки трошоци за целиот живот на експлоатација, бидејќи резервните делови веројатно нема да издржат толку долго како деловите од оригиналниот производител.
„Доколку имате потреба од филтри како оригинален потрошен материјал, нашите специјалисти ви стојат на располагање за консултација, нарачка и испорака“, додадоа уште од канцеларијата на Лазатек.
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фотографии: Лазатек, Filtermist