In Albanian In Bulgarian In Serbian
Глодањето на запчаниците е најчесто среќаваната, но макотрпна операција за да се обезбеди висококвалитетно производство на запчаници. Тоа се изведува на центри со висока продуктивност со моќен електричен мотор и цврста основа во усовршени режими на обработка со користење на модуларни полжавести глодалки. Центрите за CNC обработка на запчаници HERA 200S/350S на YG Tech (Yunil Gear Tech) обезбедуваат рентабилно производство на висококвалитетни запчаници. Оптимизираната технологија без употреба на течности за подмачкување-ладење и добро осмислената конструкција на основата обезбедуваат оптимално отстранување на струготините“, информираа од етаблираната фирма Лазатек, која ги нуди универзалните машини за глодање на запчаници на Yunil Machine за балканските земји.
Во зависност од распоредот на оската на детаљот, машините за глодање на запченици се поделени на такви со вертикален и хоризонтален распоред. Кај машините со вертикален распоред, масата со детаљот е неподвижна, а левиот држач со масата се движи по хоризонтални водилки. Машините со фиксна маса се погодни и сигурни за автоматизација и интеграција во автоматизирани линии. Обезбедена е висока цврстина на системот: маса, магацин, детаљ и постојано ниво на местоположба на детаљот за време на полнење и растовар.
Спецификации на машините за глодање на запчаници 200S/350S на Yunil:
-Наменети за тешки режими на глодање;
-Цврста конструкција на леглото;
-Вграден мотор со висок вртежен момент по C-оска (опција);
-Постојано автоматско прилагодување на олабавувањето долж оската B/C;
-Супер прецизен главен менувач со голем дијаметар или вграден мотор со висок вртежен момент на оската C (опционално);
-Перфектен систем за транспорт и отстранување на струготините од основата.
Стандардната опрема на Yunil's 200S/350S вклучува уред за симнување на фуги, уред за глодање на запчаници за надворешни и внатрешни заби со помош на технологија skiving, две модуларни полжавести глодалки и серво мотор за управување на вертикалната колона. Машините се со автоматска врата и специјален транспортен конвеер кој ги носи струготините од машинското легло, при што машините можат да се користат во автоматизирани производствени линии.
Технички карактеристики на машините 200S/350S:
Модел
|
HERA 200S
|
HERA 350S
|
Капацитет на машината
|
Макс. дијаметар на детаљ
|
200 мм
|
350 mm
|
Максимален модул
|
4
|
6
|
Макс. агол на наклон на забот
|
±45°
|
±45°
|
Вретено (полжав)
|
|
|
Конус од мандрел на полжавот:
|
NT#40
|
NT#40
|
Макс. големина (Д x Ш)
|
ø150 x 180 mm
|
ø160 х 200 mm
|
Макс. од (оска Y)
|
180 мм
|
200 mm
|
Вретено
|
|
|
Вртења на вретеното (оска В)
|
0 – 1000 мин-1
|
0 – 1000 min-1
|
Мотор на главно вретено:
|
5,5 kW (26,3 Nm)
|
11 kW (52.5 Nm)
|
Систем и димензии
|
|
|
Систем за управување
|
Siemens или FANUC
|
Siemens или FANUC
|
Зафатена област (Д x Ш x В)
|
3685 x 2540 x 2610 mm
|
3685 x 2540 x 2730 mm
|
Тежина
|
9000 кг
|
9800 кг
|
Централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com
Извор на фотографии: Лазатек, Yunil