Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Автономните фотонапонски системи на Филкаб Солар обезбедуваат флексибилност и независност преку складирање на обновлива електрич

04 august 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Филкаб Солар е водечка компанија во областа на проектирањето, изградбата и одржувањето на фотонапонски системи за домашна и индустриска потрошувачка. Во денешниот материјал, нејзините специјалисти коментираат за техничкиот напредок во соларната технологија, имено - изградбата на автономни системи кои овозможуваат складирање на електрична енергија во акумулаторски батерии и нејзино користење во темниот дел од деноноќието, кога процесот на производство на електрична енергија е невозможен.

 

 

Предностите на фотонапонските централи за сопствена потрошувачка се надалеку познати, како од економски, така и од еколошки аспект. Филкаб Солар нуди не само конвенционални системи за производство на електрична енергија од сонцето, туку и автономни решенија кои немаат потреба од приклучување кон електричната мрежа.

 

Главните компоненти на автономен фотонапонски систем се:

-Соларен панел;

-Инвертор;

-Контролер;

-Батерија за складирање на електричната енергија.

 

„Освен познатата структура на панели за собирање на сончево зрачење и инвертор за негово претворање во енергија, на автономниот систем му се потребни и батерии. Тие ја складираат генерираната енергија, која може да се користи во секое време, вклучително и ноќе или при облачно време. Системот содржи и контролер кој го регулира и оптимизира протокот на енергија помеѓу соларните панели и батериите“, објаснија од Филкаб Солар.

Друга предност на автономниот фотоволтаичен систем е тоа што неговата работа е тивка и не предизвикува непријатност кај жителите. Тој не произведува емисии на штетни гасови и не бара редовно специјализирано одржување.

 

 

Некои од реализираните проекти за автономни фотонапонски системи на Филкаб Солар се:

 

-Трифазен фотонапонски систем за сопствена потрошувачка и можност за резервирање на напојувањето во едносемејна куќа, село Свежен, општина. Брезово, регион Пловдив, 11,04 kWp;

-Еднофазен фотонапонски систем за сопствена потрошувачка и можност за резервирање на напојувањето во едносемејна куќа, село Лозен, општина Столична, 3 kWp;

-Трифазен фотонапонски систем за сопствена потрошувачка и можност за резервирање на напојувањето во фабрика за производство на стакло Инхом, град Белослав, општина Белослав, регион Варна, 54,6 kWp.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +32 277 171; +32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +2 323 3727; моб. +72 310 300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Филкаб Солар, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »