Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

МаккаБ: Со станиците за полнење на електрични возила во домот EVlink Home од Schneider Electric, придонесувате за одржливиот

24 july 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Со своето портфолио на производи, трговската компанија МаккаБ ДОЕЛ докажува дека бизнисот може да биде движечка сила која придонесува за постигнувањето на подобар свет. Пример во оваа насока се станиците за полнење на електрични возила во домот EVlink Home од брендот Schneider Electric, кои се дел од огромната палета на производи и целосни технички решенија на Маккаб. „Производите од оваа серија се практично решение кое поттикнува посветеност на животната средина, поточно удобноста на домот“, коментираа од компанијата.

 

 

EVlink Home – ефикасно решение за лесно полнење на електрични возила од удобноста на домот

 

EVlink Home – функционална и компактна станица за полнење за ѕидна монтажа која ги исполнува следните барања:

 

-Целосна палета на производи: T2 излез, со или без прикачен кабел, 3 опсези на моќност (сертификат: CE 61851-1 верзија 3.0);

-Вградена внатрешна заштита: RDC-DD 6 mA;

-Комуникациски протокол OCPP1.6J;

-Лесен за корисникот лед индикатор за состојбата.

 

Станицата за полнење има модул за управување со енергетското оптоварување кој обезбедува:

-Постојано прилагодување на напојувањето кое се испорачува за полнење на електричниот автомобил - се зема предвид потрошувачката во домот;

-Се избегнува преоптоварување на напојувањето;

-Комуникација со електричната линија – нема потреба од дополнителен комуникациски кабел.

 

„Полначот EVlink Home ги исполнува и најстрогите безбедносни барања. Исто така, има ознака „Green Premium“, која гарантира нејзина усогласеност со најновите регулативи и нејзината транспарентност во однос на влијанието врз животната средина и потврдува дека производите се рециклирани или ќе се рециклираат и имаат низок јаглероден отпечаток“, коментираа од компанијата.

 

 

Придобивки за корисниците: Спокојство, удобност, одржливост, ефикасност и уште

 

За сопствениците:

-Полнењето на електричниот автомобил не влијае на вообичаениот квалитет на живот;

-Оптимизирани сесии за полнење;

-Режим на „еколошко полнење“;

-Контролирање на потрошувачката на енергија;

-Планирање на полнењето на електричниот автомобил со цел да се избегнат максималните тарифи;

-Конкурентно и сертифицирано решение.

 

За градителите:

-Сигурна мрежа на сертифицирани партнери на Schneider Electric;

-Конкурентно и сертифицирано решение.

 

За инсталатерите:

-Намалено време потребно за инсталација;

-Сертификцирање и обука од Schneider Electric;

-Достапност на производите во дистрибутивната мрежа.

 

Контактирајте ги експертите на Филкаб за повеќе информации или професионална консултација.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Филкаб (Filkab), Schneider Electric

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »