In Bulgarian In Serbian
Тимот на Филкаб Солар е горд на широкиот спектар од успешно реализирани проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои ги исполнуваат специфичните барања и потреби на клиентите. Меѓу нив е и неодамна изградениот фотоволтаичен систем на пумпи за наводнување во земјоделството во село Порој, општина Поморие, Бугарија. „Решението е изградено со потопна пумпа со интегриран инвертор, MPP тракер (Maximum Power Point Tracking) и фотоволтаични панели Winaico WST-250P6“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма МаккаБ ДООЕЛ – македонската компанија на Филкаб.
Фотоволтаичниот систем на пумпи е проектиран со моќност од 1,5 kWp за сезонска употреба во месеците од април до септември. „Инсталираната пумпа има можност како за DC така и и за AC напојување, што овозможува системот да се користи дури и во неповолни временски услови“, објаснија од МаккаБ.
Технички карактеристики на фотоволтаичниот систем на пумпи:
- Инсталирана моќност: 1,5 kWp;
- Пумпа: Nastec 4HS 02/04 MP;
- Длабочина на пумпање: 25 метри;
- Стапка на проток: 10 m3/d;
- Фотоволтаични панели: Winaico WST-250P6.
За системот за пумпање во село Порој од Филкаб Солар се одлучуваат за серијата на пумпи од нова генерација 4HS MP кои можат да бидат поврзани кон различни видови обновливи извори на енергија, вклучително соларни панели, батерии, турбини на ветер и исто така и дизел генератори. Благодарение на специјалниот софтверски алгоритам можно е да се регулираат хидрауличните карактеристики при поврзување на пумпата кон одреден извор, со цел да се постигне максимална ефикасност при пумпање на водата.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: 032/277 171; 032/608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: 02/3233727; моб. 072/310300; 071/347133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: МаккаБ ДООЕЛ