Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Филкаб Солар обезбеди енергетска независност за фабриката за стакло Инхом проектирајќи и изградувајќи фотонапонски систем

05 june 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Користењето на обновлива енергија е сè побараното решение како од домаќинствата, така и од производителите со цел намалување на отпечатокот врз животната средина и заштеда на трошоците за електрична енергија. Во денешниот материјал, заедно со специјалистите од Филкаб Солар, ќе ви раскажеме за решенијата кои компанијата ги имплементирала во фабриката за стакло Инхом, која се наоѓа во регионот на Варна. На овој начин, производителот ја обезбедува својата енергетска независност и сигурност на неговите производствени процеси. Погледнете ги поединостите во следните редови.

 

 

„Како што одминува времето, целите што треба да ги постигне за климатска неутралност стануваат се поголеми и поголеми. Неефикасно проектираните инсталации трошат многу поголема количина на електрична енергија отколку што е потребно за да се постигнат индикативните цели. Од друга страна, состојбата во Европа и земјата придонесува за бизнис предизвици поврзани со високите трошоци за електрична енергија. Сите овие околности ги отежнуваат производствените процеси, кои обично бараат висок енергетски ресурс“, коментираа од водечката бугарска инженеринг компанија Филкаб Солар, дел од групацијата на Филкаб.

 

Филкаб Солар нуди комплетна изградба на инсталации за производство на енергија од сонцето, а еден од проектите што ги реализира нејзиниот тим е за потребите на фабриката за стакло Инхом.

 

 

Специјалистите на Филкаб Солар инсталираа моќност од 54,6 kWp во трифазен фотонапонски систем за сопствена потрошувачка и можност за резервирање на напојувањето во фабриката за производство на стакло. Тие ја проектираа инсталацијата со фотонапонски панели Hanwha Q Cells Q.Pro-G3 260 Wp со 10 инвертери: 2 x SMA Sunny Tripower 15000TL-10, 2 x SMA Sunny Tripower 10000TL-20, 6 x SMA Sunny Island 8,0H и 96 акумулаторски батерии  96 x SunLight RES OPzV 800Ah 2V. Освен нив, користен е и даталогер SMA Sunny Webbox, метеоролошка станица SMA Sunny Sensor Box и автоматска разводна табла SMA MC-Box-6.3-11.

 

„Со фотоволтаичниот систем проектиран и изграден на овој начин, фабриката за стакло Инхом веќе е во голема мера независна од динамичните промени на енергетскиот пазар, како и од меѓународните економски предизвици. Системот за складирање на електрична енергија обезбедува континуитет на процесот“, објаснија уште од Филкаб Солар.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +32 277 171; +32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +2 323 3727; моб. +72 310 300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: canva.com, Филкаб Солар

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »