In Serbian In Bulgarian In Albanian
Во фотонапонската технологија, секоја одлука може да има големо влијание врз ефикасноста и функционалноста на системот. Sunny Boy 1.5/2.0/2.5 на германската компанија SMA, глобален лидер во областа на технологиите за фотонапонски системи, е инвертор за мали PV системи кој комбинира иновации, лесна инсталација и интелигентни функции за мониторинг. „Со својата флексибилност и беспрекорна комуникација, овој инвертор е проектиран да биде не само сигурен помошник за домаќинства и мали бизниси, туку и клучен елемент за максимално искористување на сончевата енергија“, коментираа од Филкаб Солар, водечка компанија со богато искуство во изградба на разни видови фотонапонски инсталации.
Sunny Boy 1.5/2.0/2.5 е инвертор наменет за мали фотонапонски системи. Благодарение на широкиот опсег на влезниот напон од 80 V до 600 V, овој модел се одликува со својата флексибилност, компатибилност со различни модули и лесна монтажа. По пуштањето во работа преку интегрираниот веб-интерфејс, Sunny Boy 1.5/2.0/2.5 е погоден за локален мониторинг преку безжичната домашна мрежа на уредот или за онлајн мониторинг преку апликацијата SMA Energy. Со вградената услуга SMA Smart Connected, инверторот обезбедува удобност како и комфор како за операторите на PV системи, така и за монтерите.
Иновативниот дизајн на Sunny Boy 1.5/2.0/2.5 не само што ја олеснува монтажата, туку и овозможува брзо поврзување на DC и AC колата. На пример, благодарение на неговата тежина од само 9 килограми, инверторот може да се монтира со помош на две завртки, без потреба од користењето на дополнителни држачи за монтажа. Пуштањето во употреба е исто така лесно бидејќи интегрираниот веб-кориснички интерфејс (Web UI) овозможува избор на потребните штелувања за кратко време без да има потреба од отворање на капакот.
Со фокус на најважното, Sunny Boy нуди и импресивни комуникациски можности. Без разлика дали се работи за мал PV систем со моќност од 1 до 2 kW или систем со моќност до 6 kW – Sunny Boy е оптимално решение.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: +32 277 171; +32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: +2 323 3727; моб. +72 310 300; +71 34 7133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Filkab Solar, ©Engineer.BG via Canva.com