Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Филкаб Солар: Во партнерство со SMA, влегуваме во иднината на пазарот на електрична енергија

04 september 2024

ln Albanian In Bulgarian In Serbian

 

Освен проектирање и имплементација на фотонапонски инсталации, водечката инженеринг компанија Филкаб Солар нуди висококвалитетна опрема од докажани развојни и производствени фирми. „Генерирањето на електрична енергија од ОИЕ е чекор кон одржлива и еколошка иднина, затоа ние постојано ги усовршуваме нашите вештини и ги надградуваме нашите компетенции во областа на сончевата енергетика. Во основата на нашето партнерство со водечките европски производители на опрема се карактеристиките на нивните производи“, коментираа за BalkanEngineer.com од Филкаб Солар. Меѓу партнерите на компанијата е и SMA - компанија која поставува нови стандарди за обновливо, децентрализирано и дигитално напојување со електрична енергија.

 

 

„Инженерите на SMA разработуваат иновативни решенија за фотонапоски примени од сите големини, преку кои им нудат на своите клиенти ширум светот поголема независност за задоволување на нивните енергетски потреби“, коментираа професионалците.

 

Системот SMA Home Energy Solution со право може да се разгледува како оптимална комбинација од висококвалитетни уреди, интелигентно управување и широк спектар на услуги. Благодарение на модуларната структура, тој лесно се инсталира и се димензионира според индивидуалните барања и буџетот на конкретниот проект.

 

Новиот систем SMA Commercial Energy Solution поседува модуларна структура изградена од прецизно синхронизирани компоненти. Освен висококвалитетни хардверски уреди, тој нуди и интелигентни решенија за следење и управување преку новата апликација Energy App или преку веб-портал.

 

SMA Large Scale Energy Solution е персонално решение за индивидуални инвестициски цели: оптимизација на производството на енергија, обединување на енергетски сектори и интелигентно управување. Портфолиото се дополнува со различни сервисни решенија.

 

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +32 277 171; +32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +2 323 3727; моб. +72 310 300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фотографии: Филкаб Солар (Filkab Solar), ©Engineer.BG via Canva.com, ©anatoliy_gleb via Canva.com, ©KCKATE via Canva.com, SMA

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »