Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

МаккаБ обединува експерти, инвеститори и клиенти во својата специјална програма за енергетско ефикасно осветлување „LEDEffect“

04 may 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Енергетски ефикасните решенија за домот и работното место се претвораат во главен приоритет за потрошувачите кои бараат не само финансиска оптимизација, туку и чувствуваат општествена одговорност кон животната средина. Како одговор на актуелните трендови, МаккаБ ДООЕЛ ја започна програмата „LEDEffect“ која треба да собере инвеститори, клиенти, експерти и ентузијасти и да реализира различни идеи и проекти за енергетско ефикасно осветлување. Кои се можностите на проектната платформа?

 

 

„Насоката е јасна! Сите одиме кон енергетски ефикасна иднина!“, со овие зборови, желба и мотивација за нови хоризонти во областа на енергетско ефикасното осветлување од тимот на Филкаб го најавија почетокот на програмата LEDEffect. „Заштедата на енергија не е поврзано само за намалување на финансиските трошоци, туку и со одржливо управување со бизниси и човечки капитал. „Општествената посветеност на енергетската транзиција сè повеќе го опфаќа секојдневието на потрошувачите, со што барањето на индивидуални решенија во оваа насока доаѓа во прв план“, коментираа од компанијата.

 

Филкаб поседува широк каталог на производи за окабелување, електрична инсталација, осветлување, автоматизација и целосен комплет на инженерски услуги. Меѓутоа, со што се разликува програмата „LEDEffect“? Таа има за цел да ја привлече секоја заинтересирана страна и да понуди индивидуално решение, во согласност со поставените барања. Специјалистите на компанијата ќе одговорат со професионални совети на новородените идеи кои доаѓаат од инвеститори и идни клиенти, кои можат да прераснат во готови проектни решенија и, се разбира, да бидат остварени со највисока класа на производи, услуги и материјали. Благодарение на широкиот спектар на понуди, групата на клиенти на Филкаб - проектанти, специјалисти и добавувачи - може да гарантира сигурна и квалитетна изведба на нивните проекти.

 

 

Проектната платформа „LEDEffect“ е подготвена да го изоди патот заедно со своите клиенти од намерата до реализацијата на секој проект - целосен или делумен. Во почетната фаза, доволна е и само намерата за заштеда на трошоци за електрична енергија, зголемување на квалитетот на осветлувањето или намалување на јаглеродниот отпечаток врз животната средина, бидејќи ќе соработуваме со оригинални и конкретни идеи“, објаснија од Филкаб.

 

Во следната фаза, кога клиентите веќе имаат воспоставена идеја, експертите на компанијата ќе подготват детален проект и финансиски план кон него, кој ќе го оправда очекуваниот резултат. И како овој проект ќе се претвори во реалност? Програмата ја има главната предност да работи со докажани партнери кои целосно ќе ја преземаат изградбата на проектите и нивното пуштање во употреба.

 

Filcab ја разработи програмата LEDEffect за да го опфати секој сегмент од остварувањето на енергетско ефикасен проект за осветлување, нудејќи флексибилност, експертиза и ефективни резултати.

 

Филкаб – централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92

Телефон: +359 32 277 171; +359 32 608 881

E-mail: office@filkab.com

 

МаккаБ ДООЕЛ

Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59

Телефон: +72 31 0300; +71 34 7133 

E-mail: office@makkab.mk

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: canva.com, МаккаБ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »