In Bulgarian In Serbian In Albanian
На 11 февруари годинава се одржа уште едно финале на Super Bowl - спортски настан што не може да се спореди со сите други. Но, дали знаевте дека според статистичките податоци, околу 90 милиони луѓе во САД ги користат тоалетите во исто време за време на полувремето? Освен возбуда и страст, ваквите настани даваат повод за нова перспектива на очигледни светски проблеми, предизвикувајќи интересни феномени. Појавата Super Flush или така наречено „големо миење“ е карактеристична за секторот водоснабдување и канализација и уште еднаш потсетува дека колективните активности на луѓето имаат сериозно влијание врз водните ресурси и нивното искористување. Непотребното трошење на вода во споредба со недостигот на водни ресурси е подложен на прецизна анализа во последните години. Технолошки лидери во овој сектор како што е Wilo Group обезбедуваат интелигентни решенија за овие предизвици.
Феноменот наречен Super Flush е поврзан со исфрлувањето на околу 1,4 милијарди литри вода во канализациониот систем, што го става во услови на невообичаено оптоварување. Феноменот се смета за симбол на колективното човечко влијание врз природата и повикува на одговорен однос кон водните ресурси на планетата, не само за време на големи масовни настани, туку и во секојдневниот живот.
Освен основните човечки потреби, недостигот на вода остро се чувствува во земјоделството и индустријата, а неговото влијание врз економскиот развој на многу региони е од критична важност. Ова силно ја наметнува потребата од воведување на добри практики за одржливо управување со водите и иновативни решенија за обезбедување на пристап до чиста вода за сите.
Управувањето со водниот циклус и пречистувањето на водата се важни компоненти на концептот за одржливост. Современите технологии за третман на отпадни води и пумпни системи играат клучна улога во ефикасното искористување на ресурсите, истовремено гарантирајќи дека водата е пречистена доволно за да биде вратена во животната средина. Ефикасното пречистување на водата придонесува за јавното здравје, го минимизира загадувањето и ги зачувува природните ресурси. Преку рециклирање и повторна употреба на водата, може да бидат зачувани ограничените извори на свежа вода, што помага за справување со глобалните и локалните кризи за вода.
„Интелигентните пумпни технологии на Wilo можат да помогнат во овој поглед“, убедени се од тимот на компанијата. Усовршените пумпни решенија се засноваат на последните технолошки иновации и ја зголемуваат ефикасноста, минимизирајќи ја потрошувачката на енергија. Како резултат на тоа, тие нудат одржливи решенија за недостигот на вода.
Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: +359 2 312 2058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: +389 070 20 5297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo Group, canva.com