In Bulgarian In Albanian In Serbian
Контролерите од серијата PLC 100 на Унисист Инженеринг се разработени за локално управување на процесите на производство или во домаќинство. „Обработката на податоците кои доаѓаат во PLC100 се врши со користење до 100 кориснички формули и претходно дефинирани режими. Во суштина, контролерот што го создадовме е систем за управување кој има за цел да ги оптимизира оперативните процеси во производствена линија, функциите на одредена машина или енергетската ефикасност на апаратите за домаќинство, на пример“, коментираа од докажаната производствена и инженеринг компанија во областа на метрологијата и средствата за мерење (СМ).
Напојување и поврзување на контролерот
Поврзувањето на контролерот се остварува преку:
-Куплунзи J1, J2, J3;
-Куплунг J4 – за сервисна употреба;
-SMA конектор – за поврзување на надворешна антена;
-Слот U14 – за micro SD картичка;
-WiFi – безжично поврзување со вградениот веб-интерфејс.
Контролерите од серијата 100 работат со напон на напојување од 12 - 24 V DC. Ожичувањето за напојување се остваруваа преку куплунг J1. На плочата на контролерот има куплунзи, џемпери, копчиња и LED диоди и други.
Влезовите и излезите на контролерот не се галвански одвоени еден од друг.
Визуелизација и користење на вградениот веб-интерфејс
„Контролерите работат самостојно врз основа на поставените параметри. Сите штелувања се запишани во меморија што не е зависна од електричната енергија, што значи дека се зачувуваат без оглед на напонот за напојување. Доколку има потреба од ажурирање на софтверот, првично штелување, промена на параметри, рачно управување или директно следење, можно е да се користи пристап преку вградениот во контролерот веб-интерфејс“, изјавија специјалистите на Унисист.
Преку табела со визуелизација и штелувања, се конфигурираат влезно-излезните променливи и формули кои учествуваат во мерењето и управувањето на контролерот.
Технички карактеристики на контролерот PLC-100 M:
-Процесор: 32 битен, 240 MHz;
-Wi-Fi комуникација: 2,4 GHz (надворешна антена);
-Работен напон: 24 V DC;
-Потрошувачка на енергија: 25 – 15 W во зависност од оптоварувањето;
-Складирање на податоци: 32 GB micro SD картичка;
-Часовник за реално време со автономна батерија;
-Параметри на влезовите и излезите;
фотографија
-Заштита на излезите;
-Можност за автоматско или рачно управување;
-Можност за внесување до 100 виртуелни позиции на формули за управување врз основа на влезните сигнали;
-Веб-базиран интерфејс: користи стандарден прелистувач инсталиран на компјутер или мобилен уред (лаптоп, таблет или телефон). Работи со актуелните верзии на Firefox, Chrome, Opera и Safari;
-Можност за конфигурирање на сите параметри преку веб-интерфејсот;
-Јазици: повеќејазичен (4 или повеќе);
-Можност за далечинско ажурирање на софтверот.
Контролерите од серијата PLC 100 имаат и опција за ресетирање кон фабричкото штелување. „Важно е да се наведе дека при оваа постапка се бришат сите поставени кориснички податоци и параметри, но записите на micro SD картичката не се бришат“, додадоа уште од фирмата производител.
Ако, по извршувањето на наведените дејства за изведување на постапката, системот не се врати на фабричките штелувања, треба да побарате сервисна интервенција од специјалистите на Унисист Инженеринг.
Унисист Инженеринг ДООЕЛ
Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144
Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562
E-mail: office@unisyst.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, canva.com