Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. „За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка. Се нагласува дека земјите- членки треба да поддржат доволен број пилот проекти за потрошувачите во домаќинствата, со цел да се зголеми степенот на континуитет од општеството и да се забрза процесот на иновации, како што е предвидено во третиот пакет за енергетскиот пазар“, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката на паметни мрежи, уреди и системи за автоматизација.
Европскиот енергетски пазар е флексибилен и високо конкурентен. Усвоен во 2009 година, третиот енергетски пакет воведува правила за раздвојувањето на енергетските испораки и производството од преносните мрежи, нови барања за независни регулатори, нова Европска агенција за соработка меѓу националните енергетски регулатори (ACER), Европски мрежи на операторите на преносни системи за електрична енергија и гас (ЕМОПС-Е и ЕМОПС-Г) и други.
Директива 2012/27/ЕУ на Европскиот парламент и на Советот од 25 октомври 2012 година. во однос на енергетската ефикасност според чл. 9, параграф 2 вели дека „таму каде што и до степен до кој земјите- членки применуваат паметни системи за мерење и имаат воведено паметни броила за природен гас и/или електрична енергија во согласност со Директива 2009/72/ЕЗ и Директива 2009/73/ЕЗ, тие го прават потребното, мерните уреди да обезбедат информација на крајните клиенти во врска со реалниот период на потрошувачка. Заедно со тоа, тие помагаат целосно да се земат предвид целите за енергетска ефикасност и придобивките за крајниот клиент“.
Унисист Инженеринг ДООЕЛ
Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144
Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562
E-mail: office@unisyst.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, ©Engineer BG via Canva.com