Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Унисист Инженеринг навлегува сè посериозно на балканските пазари и бара нови стратешки деловни партнери

17 february 2024

In Bulgarian  In Albanian In Serbian In Romanian

 

Основана во 1996 година, компанијата Унисист Инженеринг е меѓу најафирмираните бугарски компании кои развиваат дејност во областа на индустриската автоматизација. Компанијата е специјализирана за инженеринг, развој и производство на современи автоматизирани системи и решенија и со своите водечки традиции, искуство и знаење денес се докажа како сигурен и доверлив партнер за голем број индустриски сектори. Унисист Инженеринг не престанува да се развива, усовршува и го проширува опсегот на својата дејност и во таа насока бара нови деловни стратешки партнери на територијата на балканските земји, вклучувајќи ги Северна Македонија, Србија, Романија, Албанија, Грција, Турција, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска и Словенија.

 

 

„Водени од желбата за континуирано подобрување на квалитетот на понудените производи и услуги, како во функционален така и во метролошки однос, ние следиме строга политика за развој на компанијата насочена кон зголемувањето на производството и навлегување на нови пазари. Со својата сигурност, ефикасност и висок квалитет, нашите решенија за автоматизација на производствените процеси во голема мера им конкурираат на западноевропските и се претпочитан избор меѓу бугарските претпријатија“, информираа од Унисист Инженеринг.

 

Производствената програма на компанијата е исклучително богата и обединува неколку технолошки групи: решенија за дистрибуција на гас, контролни и мерни инструменти и нестандардна опрема.

 

Унисист Инженеринг исто така нуди широко портфолио на комплексни услуги, вклучувајќи снабдување со апаратура и управување со процеси, целосен инженеринг, стручна помош и консултации, термографска контрола, мапирање на температура и влажност на простории и друго.

 

„На нашите клиенти им обезбедуваме сигурни и ефикасни решенија за мерење со високи карактеристики на работа, а секој наш производ е придружен со соодветен сертификат за квалитет и потврда за калибрација и проверка“, објаснија од компанијата. „Го гарантираме високиот квалитет на нашето производство преку континуирана обука на персоналот, привлекување на млади специјалисти и преку одржување и развивање на професионални односи со воспоставени организации за контрола на квалитетот, вклучително и акредитирани лаборатории, Национален центар за метрологија и друго“, прецизираа уште тие.   

 

 

Доколку сте правно лице кое е ангажирано во областа на трговијата со индустриска опрема, работите на пазарите на балканските земји и сте заинтересирани за долгорочна соработка со докажан бугарски производител на производи и решенија за автоматизација на индустриски процеси, не двоумете се да контактирате со професионалците од Унисист Инженеринг на телефон: +359 2 886 05 62 или на е-пошта: office@unisyst.bg.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »