In Romanian.
Mauer Locking Systems (MLS) е бугарско-германско-холандски конзорциум, специјализиран во секторот на системи за заклучување. За да се зголеми продуктивноста на фабриките во Холандија и соседна Бугарија, фирмата инвестира во оптимизација и модернизација на производствена опрема преку високотехнолошки индустриски роботи Fanuc од инженеринг компанијата Trade Meister. Во производствената база на MLS - Холандија е интегриран 6-оскен робот на Fanuc, а за фабриката на MLS - Бугарија е проектиран и изработен линеарен робот. За успешната соработка раскажуваат од седиштето на Fanuc за Југоисточна Европа.
Соработката меѓу MLS и Trade Meister датира од 2008 година кога Trade Meister го добива објавениот од MLS тендер за разработка на специјализирана машина. Тогаш Trade Meister за првпат интегрира индустриски робот кон проектираната од нив машина.
Компанијата проектира и успешно пушта во употреба роботски технолошки комплекс, наменет за обработка, маркирање и сортирање на различни модели на клучеви за сигурносни брави. „Главно барање на клиентот беше машината нонстоп да обработува различни видови полупроизводи за штелувања и замена на компоненти“, коментираат од Fanuc.
Во 2011 година од Трејд Майстер ја стартуваат изведбата на два нови проекти - за MLS - Холандија и за MLS - Бугарија. При спроведувањето на проектот во Холандија Трејд Мастер по втор пат интегрира 6-оскен робот Fanuc. За да ги исполни барањата за машината за Бугарија, компанијата проектира и разработуваа линеарен робот за транспорт, полнење, истовар и позиционирање на обработуваните полупроизводи.
„За прв пат во регионот ја користевме технологијата на Fanuc за погон со линеарни мотори. Во процесот на извршување на задачата имавме целосна поддршка од страна на технолошкиот лидер што помогна за брзо и успешно имплементирање на разработеното од нас решение“, изјавија изведувачите во заклучок.
Централна канцеларија за Југоисточна Европа
Адреса: Бугарија, Софија 1588, бул. „Околоврастен пат“ 467 Логистички центар СТАД
Телефон: 00359 2 963 33 19, 00359 2 963 32 86
E-mail: service.bg@fanuc.eu
Извор на фотографии: Fanuc