Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Уникатниот облакодер Bishopsgate во „срцето“ на лондонското сити создава стандард за квалитетно модерно живеење со решенија

11 october 2023

In Bulgarian

 

Сигурно сте го слушнале терминот „вертикална населба“ во контекст на преполнетите со луѓе азијатски градови и авангардните архитектонски решенија. Во таква зграда од иднината нè поканува една од најинспиративните и визуелно највлијателни видео серии наречена „Замрзната музика“ на меѓународниот технолошки лидер AББ. 19-та епизода од неа повторно нè води кон пример за симбиоза на архитектонско-инженерска мисла и високи технологии, а адресата е во Лондонското Сити. Со богата функционалност, технолошка гостопримливост и капацитет од 12.000 жители и гости, 22 Bishopsgate навистина го покрива разбирањето за населба од нова генерација развиена во вертикален план.

 

 

  „Архитектурата е движечка сила во новото преосмислување на зградите, а во финансиската зона на Лондон сосема природно наоѓа место токму таков пример. Метрополата е позната по своите историски знаменитости, комбинирани на неверојатен начин со модерни архитектонски креации“, коментираа од АББ Бугарија. Но, има ли нешто што овај шарен микс на стилови и култури сè уште не познава?

 

Одговорот е 22 Bishopsgate

 

Во 2015 година, компанијата AХA Investments ја купува парцелата во Лондон и ја избира PLP за изведувач на архитектонскиот проект. Зградата е завршена во 2020 година.

 

Паркови за велосипеди, зони за учење, спортска сала со двојна висина, огромно место за храна и пијалаци, зони за одмор, здравствени активности, културни и други настани создаваат чувство на целосен комфор и разновидност. Иако зградата е втора по висина во Лондон, чувството што го создава е на удобност и збогатување на човечкото секојдневие. Уметноста се среќава насекаде, од стаклените натстрешници на Александар Белезченко до креациите на Брус МекЛин во секој лифт.

 

„Корисниците на зградата можат да го прескокнат редот на рецепцијата, бидејќи препознавањето на лицата на жителите и QR-кодовите за пристап овозможуваат моментален пристап, а посебна апликација управува со користењето на собите и параметрите на средината“, додадоа со технолошки црти од АББ Бугарија.

 

Оставаат впечаток  многуте иновативни решенија во проектот 22 Bishopsgate во насока на одржливост, како на пример фасадата за заштеда на енергија од типот Closed Cavity, а паметните системи играат суштинска улога во целокупната енергетска контрола. Паметниот систем за автоматизација на згради, вклучувајќи го и ABB i-bus® KNX, ги поврзува осветлувањето, вентилацијата, контролата на сончевото зрачење и други елементи од околината на зградата, овозможувајќи регулирање на параметрите во реално време, со што се заштедуваат дополнителни 10% од потрошувачката на енергија на зградата. Енергијата се генерира само од обновливи извори, а системите за распределување на ABB обезбедуваат стабилност на параметрите и комфор во секоја просторија.

 

 

Очекувано, зградата ги исполнува високите барања на голем број сертификати, меѓу кои WiredЅsore Рлатинум - за кабелско поврзување, одржливост, безжични комуникации и други.

 

Централна канцеларија:

Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија

Телефон: +359 2 807 5500

Е-mail: office@bg.abb.com

 

Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: AББ Бугарија, ABB, 22 Bishopsgate.com, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »