Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Т и Д Инженеринг: преносните станици за полнење eCS Porto се „паметно“ решение за ефикасна потрошувачка на енергијата

07 february 2023

In Bulgarian  In Serbian  In Romanian

 

Ограничувањето на еколошкиот отпечаток на индустријата и животот повеќе не е само желба. Се повеќе се зголемува интересот за „зелена“ енергија, што резултира со реализација на бројни проекти поврзани со примена на обновливи извори на енергија (ОИЕ). Т и Д Инженеринг, докажана инженеринг компанија, продолжува да ги презентира своите иновативни решенија за градовите на иднината. Денес ќе ве запознаеме со eCS Porto станиците за полнење на електрични автомобили.

 

 

„Станиците за полнење eCS се „паметни“ уреди проектирани да се интегрираат во модерните паметни градови. Нивната работа е целосно синхронизирана со градските фотоволтаични паркови, генераторите на ветер и „складиштата“ на енергија. Технологијата Neural Network (невронска мрежа) имплементирана во станиците за полнење обезбедува повеќе опции за купување и продавање на енергија. Исто така, им ја прилагодува работата за да бидат максимално ефикасни“, објаснија специјалистите.

 

eCS Porto се моќни и во исто време компактни и удобни за носење станици за полнење. Тие можат да се транспортираат во багажникот на автомобил, како и да се движат како куфер на тркала. Нивните димензии се: 0,4 x 0,5 x 0,7 m (забелешка на уредникот: освен моделот Mobilo-A), а масата е помала од 30 kg. „Станиците за полнење со моќност од 100 kW++ во оваа серија се едни од најпрактичните уреди за полнење во светот. Уредите имаат далечински диспечер за управување и контрола поврзан со глобалниот систем за управување GRID-ONE.eu“, прецизираа од компанијата.

 

 

Карактеристики на преносливите станици за полнење од серијата Porto:

 

- Брзо полнење со еднонасочна струја (DC) – 60-200 kW;

- Максимална излезна моќност по конектор – 100 kW;

- Излез за полнење – 1;

- Приклучок кон автомобилот – 1;

- DC станица;

- CCS конектор – Type 1 Combo/350 kW;

- Конектор GB/T/237,5 kW;

- Локално поврзување со наизменична струја (AC);

- Трајност и јачина;

- Интензивен режим на работа;

- Пренослив полнач;

- Лесна и лесно пренослива конструкција;

- Употреба во затворен простор;

- Smart Grid функција;

- Далечинско управување;

- Мобилно плаќање;

- Способност за плаќање со биткоин;

- Поврзување со глобален „облак“ за управување;

- Мобилна апликација за корисничка контрола.

 

Моделите што ќе ги најдете во каталогот на Т и Д Инженеринг се:

- eCS "Porto-A" - 30-100kW;

- eCS "Porto-B" - 60-120 kW;

- eCS "Mobilo-A" - 60-150 kW.

 

 

„Логиката на вештачката интелигенција која е вградена во станицата за полнење ѝ овозможува да комуницира со своето невронско „семејство“ и да донесе заедничка одлука за постигнување на целната ефикасност за функционирање на „невронската мрежа“. Сопствениците и корисниците на станиците за полнење можат да го откажат во секое време и да постават директни команди на одредена станица или на целата невронска мрежа“, објаснија професионалците.

 

„Станиците за полнење се управуваат истовремено од диспечерот на глобалната мрежа Smart City, од диспечерот на локалната енергетска заедница и од неговиот сопственик или корисник. Секој од нив е овластен со поединечни операторски овластувања“, објаснија уште од компанијата.

 

Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46

Телефон: 00359 52 312 100

Тел./Факс: 00359 52 312 658

E-mail: office@tid-engineering.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Т и Д Инженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »