In Bulgarian In Romanian
Т и Д Инженеринг е докажан, долгогодишен инженеринг специјалист во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката, а главната цел на компанијата е на своите клиенти да им понуди услуга која ги задоволува нивните барања, целосно усогласена со меѓународните стандарди и норми, и по разумна цена. „Ние развиваме, имплементираме и одржуваме интегрирани решенија во областа на енергетиката, електрониката и управувањето со енергетската инфраструктура, индустријата и обновливите извори на енергија. Она што не прави различни е тоа што имаме способност да создаваме уникатни решенија кои обезбедуваат како продуктивност, така и сигурност“, коментираа од Т и Д Инженеринг за читателите на BalkanEngineer.com.
Меѓу активностите од областа на енергетиката кои Т и Д Инженеринг ги врши се:
- Реконструкција и рехабилитација на ЗДС (Затворен дистрибутивен систем) среден напон;
- Поправка на електричен дел и изработка на контролни табли, со примена на најсовремени технологии во релејната заштита, мерењето и SCADA системите;
- Примарна комутација – проектирање и изведба;
- Секундарна комутација и телемеханика - проектирање и изведба;
- Пуштање во употреба;
- Комплетен дизајн на електроенергетски трафостаници.
„Врз основа на техничките ресурси што ги имаме, бараме иновативни начини за подобрување на проектирањето и развојот на енергетската инфраструктура преку интелигентна електроника, интелигентно собирање на податоци и имплементација на паметни мрежи. Овие иновативни решенија ги реализираме со помош на нашите тимови за проектирање, производство, пуштање во употреба, тестирање и одржување“, раскажаа од компанијата.
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, град Варна 9010, ул. „Перуника“ 46
Телефон: 00359 52 312 100
Тел./Факс: 00359 52 312 658
E-mail: office@tid-engineering.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Т и Д Инженеринг