Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Старт Инженеринг: Меѓу реализираните од нас проекти е когенерационен систем на друштво за дистрибуција на топлинска енергија во

17 february 2017

In Bulgarian.   In Romanian.   In Serbian.

 

„Инженерските активности кои нашите екипи ги вршат, практично ги покриваат сите клучни фази при работата на големите индустриски проекти“, раскажуваат од Старт Инженеринг. Компанијата нуди истражувачки работи и анализи, развој на идејни, технички и детални работни проекти, испорака на уреди, опрема и градежни материјали. Пред BalkanEngineer.com од докажаната инженеринг фирма споделуваат за еден од своите големи индустриски проекти реализирани во последните години.

 

 

Меѓу повеќето најголеми референтни проекти, исполнети од Старт Инженеринг, е пристапувањето на когенерациони капацитети кон преносната мрежа на Национална електрична компанија во Бугарија. „Во рамките на проектот извршивме проектно -монтажна  активност и пуштање во употреба на 6 когенератори на територијата на Топлификација – Бургас“, појаснуваат од Старт Инженеринг.

 

 

Проектните активности вклучуваат проектирање, испорака, монтажа, работи за пуштање во употреба и оперативно управување на објект "Когенерација Топлификација – Бургас“ кои ги вклучуваат следниве секундарни објекти:

- Шест гасно - клипни мотори W16V25SG со вкупна моќност 21 MVA;

- Изградба на кабелска мрежа 6, 11 и 20 kV и отворена дистрибутивна единица 11/20 kV;

- Изградба на систем за мерење на електрична енергија на страна 110 и 20 kV;

- Реконструкција на затворена дистрибутивна единица -20kV, вклучувајќи ретрофит на 2 парчиња ќелии со замена на прекинувачи со малку масло со вакуумски, производство на компанијата ABB, замена на стари релејни заштити со дигитални од нова генерација, работи за  пуштање во употреба;

- Реконструкција на комплексна дистрибутивна единица 6.3 и комплексна дистрибутивна единица 11 kV и ОРУ 110 kV;

- Акумулаторска батерија 220 V DC.

 

 

„Сите капацитети беа пуштени во употреба во рок со потребните за оваа цел технички записници - причина експертите од Старт Инженеринг да бидат посакуван партнер и во нашите идни проекти", велат од Топлификација - Бургас.

 

Sediul central

Adresa: Bulgaria, Sofia 1220, str. „Locomotiv” nr.3

Telefon: 00359 2 936 03 73, 003592 931 60 65, 00359 898 690 666

E-mail: office@starteng.com

 

 

Извор на фотографии: Старт Инженеринг, Топлификација - Бургас

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »