In Bulgarian. In Romanian. In Serbian.
Докажаната фирма со искуство повеќе од четврт век и присуство на балканскиот и меѓународниот пазар Старт Инженеринг АД зеде учество во изградбата на интермодалниот терминал во јужниот централен регион за планирање на товарен транспорт во град Пловдив, Бугарија. Нарачувач беше ДП „НК ЖИ“ (Национална компанија железничка инфраструктура). Старт Инженеринг учествуваше како подизведувач и ги раскажа деталите за спроведените нактивности специјално за BalkanEngineer.com.
„Ангажираноста на Старт Инженеринг во рамките на проектот се состоеше во извршување на напојувања со струја на страна со среден напон, бетонски комплетни трансформаторски станици, системит за видео надзор, водовод и канализација, надворешно напојување со струја, контролни премини, инсталации за громобранска заштита, осветлување на пруга за влечење, осветлување на одреден терен, системи за телекомуникација, како и периметарско обезбедување“, објаснија од компанијата.
„Друг дел од нашите активности за овој проект вклучуваше изградба на нова бетонска трансформаторска станица 20/0.4/0.23kV извршена со трансформатор со масло со номинална моќност 400 kVА согласно проектна монофазна шема“, кажаа од Старт Инженеринг.
Од Старт Инженеринг додаваат уште дека уредите за громобранска заштита на теренот на интермодалниот терминал се проектирани на база користењето на приемници на громови со дејство на претекнување, поаѓајќи од големиот отворен простор за заштита, можноста за поедноставна практична реализација, како и од економски причини.
„Се очекува проектот да помогне за оптимизација на постојната инфраструктура и да доведе до подобрување на квалитетот на извршените транспортни услуги во регионот на град Пловдив“, додадоа во заклучокот од Старт Инженеринг.
Старт Инженеринг – централна канцеларија
Адреса: Бугарија, Софија 1220 ул. "Локомотив" бр. 3
Телефон: 00359 2 936 03 73, 00359 2 931 60 65, 00359 898 690 666
E-mail: office@starteng.com
Извор на фото материјал: Старт Инженеринг АД, ДП „НК ЖИ“