In Bulgarian
„Ако останам со впечатокот дека некој кандидат за работа или стажирање сака долгорочно да се развива во фирмата и е ориентиран кон постигнување на добри резултати, тој веќе е еден чекор пред другите“, споделува г-ѓа Станка Стојанова, менаџер „Човечки ресурси“ во Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. Друштвото, пододдел на докажаниот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC), е специјализирано во развојна дејност и производство на електроника за системи за климатизација за автомобилската гранка. Од г-ѓа Стојанова дознаваме што компанијата бара и цени кај своите вработени и како се одвиваат интервјуата за работа таму.
„По последното интервју што го направив, останав со многу добро мислење за кандидатот, и поради таа причина, дури и да не го вработам за конкретното работно место, ќе го имам предвид за идни слободни работни места“, раскажува г-ѓа Стојанова.
„За компанијата е важно дека новите вработени имаат професионално искуство во областа во која сакаат да работат, како и да владеат англиски јазик. Затоа очекувам во CV на секој кандидат да видам детален опис на професионалниот пат, образованието и нивото на владеење на странски јазици. Мотивациското писмо е потребно за да одговори на две прашања - зошто сакам да работам во ВНТС и каде си замислувам дека ќе бидам по 2-3 години“, објаснува експертот за човечки ресурси.
Кога ќе дојде време за разговор во четири очи, барањата на работодавецот стануваат уште повисоки. „Како специјалист за човечки ресурси ме импресионираат одличните комуникациски вештини како и вештините за тимска работа. Многу е важно за време на интервјуто да човек да одговара точно, јасно и конкретно на поставените прашања. Во BHTC бараме луѓе кои имаат амбиција да постигнат високи резултати. Ако забележам дека „вакво не може да се случи“, мене ми е јасно дека нема да работиме добро со овој кандидат “, објаснува г-ѓа Стојанова.
Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8
Телефон: +359 2/999 88 41
E-mail: bulgaria@bhtc.com
Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ, ТУ-Софија