In Bulgarian In Romanian In Serbian
Роботите трајно го пронајдоа своето место во многу различни полиња на производството. Тие вршат задачи како што се заварување, склопување, испорака, преработка на суровини и пакување на производи. „Ние нудиме како индустриски така и колаборативни роботи на KUKA за различни производствени задачи“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма „Стам Лтд чие портфолио веќе ги вклучува производите на еден од водечките светски снабдувачи на интелигентни решенија за автоматизација KUKA.
Примена на роботите за палетизирање
Алтернативата е во роботи за палетизирање. Тие работат со голема брзина, со минимално странично мешање и максимална сигурност. „Роботите за палетизирање на KUKA се специјално проектирани за извршување на задачи за палетизирање и депалетезирање на товари од 40 кг до 1300 кг. Палетизирачките роботи на KUKA се некои од најдобрите во својата класа“, коментираа од фирма Стим Лтд.
Роботизирани решенија за храна, пијалаци, санитарија и пакување
KUKA нуди индивидуални, одржливи производствени и логистички решенија во индустријата за широка потрошувачка. Без разлика дали станува збор за пијалаци, храна, облека или фармацевтски производи, решенијата за автоматизација на KUKA овозможуваат флексибилност во зависност од специфичните барања на потрошувачите.
Електронски роботизирани решенија
Електронската индустрија е една од најбрзо менливите бранши во светот. Компанијата KUKA нуди готови за имплементација решенија, специјално за оваа индустрија. Тоа се иновативни уреди за автоматизација кои носат многу економски предности.
Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија
Телефон: +359 888 805 028; +359 889 223 117
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фото материјал: Стам Лтд, KUKA